Државната изборна комисија го објави распоред на прес конференции на 20 и 21 април, сабота и недела. Во саботата гласаат во странство, болните и немоќни лица и лица во куќен притвор, се гласа во КПУ и во старските домови. Во недела се гласа во сите изборни места низ државата.
Првата прес конференција во сабота ќе биде во 12 часот со информации како се одвива гласањето и колку луѓе гласале, дали гласањето поминално како што треба. Во 20 часот, ДИК ќе излезе со дополнителни информација за денот на гласање во странство, болните и немоќните, лицата во КПУ, во куќен притовор и старски домови.
Во недела ДИК ќе одржи 6 прес конференции. Првата прес конференција ќе се одржи во 10:30 каде ќе информира за отворање на гласачите места, текот на гласањето и излезноста. На предпоследната прес конференција во 19 часот ДИК ќе излезе со информации за излезноста до 18:30 часот, текот на гласањето, информација за техниката на пренос на резултати. Последната прес конференција ќе биде дополнително најавена кога ќе се знааат првичните резултати од денот на изборите.