ЦИВИЛ ги потсетува сите заинтересирани да станат краткорочни набљудувачи на изборите дека крајниот рок за аплицирање е утре, петок, 26 јуни, на полноќ.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА
Изборот на набљудувачите ќе биде завршен на 29 јуни, за да се започне со обуки веднаш потоа. ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.
Како што е познато од претходните соопштенија на оваа тема, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач во две организации истовремено.
Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни и имаат обврска да покријат повеќе избирачки места во текот на изборниот ден.
Да се биде набљудувач на ЦИВИЛ подразбира најстрого придржување кон мерките и протоколите за заштита од ширење на коронавирусот и максимално почитување на Изборниот законик, Кодексот за набљудување од ДИК, Кодексот на набљудувачите на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ воведе здравствени протоколи за 100% безбедност на набљудувачите. Подготвени се планови за обуки во повеќе градови низ земјата. Обуките на набљудувачите на ЦИВИЛ ќе се спроведат комбинирано: задолжителна онлајн обука и физичко присуство кое е пожелно, но не и задолжително. Обуките ќе вклучуваат максимум 30 учесници.
Краткорочните набљудувачи се активираат со почетокот на изборниот молк, најактивни се на изборниот ден, 15 јуни, а своите конечни извештаи ги испраќаат најдоцна до 19 часот наредниот ден.
Хонорарот за набљудувачите изнесува до 70 евра (со вклучен персонален данок, нето износот е околу 63 евра). За најуспешните пет набљудувачи ќе бидат обезбедени и дополнителни хонорари од 20 до 40 евра (бруто).
Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им бидат понудени подолготрајни ангажмани во проектите на Организацијата.