• Latest

Самарас: Ниту еден грчки политичар во минатото не прифати македонски јазик, нација и идентитет

October 8, 2018

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Самарас: Ниту еден грчки политичар во минатото не прифати македонски јазик, нација и идентитет

October 8, 2018 09:46
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да дозволиме да ја продадат нашата Македонија. Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото отворање на трговскиот и бизнис саемот во грчкиот град.

– Договорот од Преспа, на Скопјаните и официјално од грчката страна им го дава името на Македонија и признавање на националност – наводни Македонци и признавање на македонски јазик и признавање на македонски идентитет. Односно им дадоа сѐ. И покрај вистинските несогласувања што постоеја во минатото за управувањето со прашањето од различни влади, ниту еден грчки политичар никогаш не прифати да се признае нација, јазик и идентитет Македонец. Никој, рече Самарас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија истакна дека опозициската партија, „како што и има објавено нејзиниот лидер Кирјакос Мицотакис нема да гласа за ратификација, ниту како влада, ниту како опозиција“, а додаде и дека следните грчки влади ќе треба да се ослободат од обврските од Договорот од Преспа.

– Ако сепак се ратификува во грчкиот Парламент, од гласови на СИРИЗА и на сите други кои што се подготвени да соработуваат со СИРИЗА, интеграцијата на Скопје во НАТО е веќе суштински завршена. Но, само тоа. Сите други долгорочни обврски од Договорот од Преспа, нема да издржат. Следните грчки влади ќе бидат принудени порано или подоцна,  неизбежно да се ослободат од нив. Зошто? Бидејќи не можеме да прифатиме македонски јазик и идентитет, затоа што ова очигледно ќе има последици и во внатрешноста на Грција, затоа што тогаш би го легализирале скопскиот иредентизам во Грција, рече поранешниот грчки премиер, запрашувајќи се дали можеби со тоа би се барало од Грција да одржува „посебни часови за учење на нивниот јазик, кој го има одобрено и грчкиот парламент“.

Самарас додаде дека е сигурен дека во иднина „Грција ќе се ослободи од долгогодишните обврски од договорот“, повторувајќи го ставот на Мицотакис, да започнат преговорите од почеток.

Говорејќи за европската перспектива рече дека Грција „не може да се откаже од правото да преговара со Скопје за идна интеграција во Европската унија“.

– Не може Бугарија како член на Европската унија да преговара за сѐ со нив, а Грција да не може, поради обврските од Преспа, да преговара дури и за најмалата работа. Односно, Бугарија на пример, да има право да стави вето на интеграцијата на Скопје, а ние да не можеме. Не можеме да разговараме дали македонските производи од Кавала ќе можат да се нарекуваат македонски, рече Самарас во неговиот говор во грчкиот град Кавала, пренесе МИА. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ