-Да одржуваме растојание. Само 2 метра се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас.
Задолжително да носиме заштитна опрема, маска, марама или шал, во затворени простории и на отворено секој пат кога не можеме да одржиме 2 метра дистанца.
Намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност и за наша и за заштита на луѓето околу нас. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, порачува министерот за здравство д-р Венко Филипче.












