• Latest

Сања Стефановиќ: Жените се повеќе зборуваат за семејното насилство

December 5, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сања Стефановиќ: Жените се повеќе зборуваат за семејното насилство

Кампања “Сложувалка” - 16 денови активизам за борба против насилството врз жената.

December 5, 2023 19:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Моето чувство е дека жените многу повќе се охрабруваат и многу повеќе зборуваат за родово базираното насилство. Не сум сигурна дека тоа го прават јавно, но со луѓето од нивната околина секако дека чувствувам дека се повеќе и повеќе се разговара на овие теми, особено кога се работи за младите луѓе, вели психологот Сања Стефановиќ, која е дел од кампањата “Сложувалка” која во рамките на 16 денови активизам за борба против насилството врз жената ја спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со канцелариите на УНФПА во Северна Македонија со поддршка од Британската амбасада.

-Јас навистина им честитам на сите оние жени кои се доволно храбри за да излегуваат јавно да зборуваат за она што им се случило или им се случува во моментот и си бараат помош и подршка за да си ги решат проблемите во кои што се наоѓаат – вели Стефановиќ.

Причината зошто жените се уште се плашат да пријават насилство, според неа е мултифакторна и дека секоја една жена си има свои причини поради кои што едноставно не истапува. Затоа смета Стефановиќ, треба да се зборува поотворено и за дополнителната виктимизација односно ревиктимизација на жртвата. Таа го потенцира како проблем и сензационалистичкото известување во медиумите кои во трката да добијат повеќе кликови, забораваат да и укажат на жртвата дека ја почитуваат и дека се емпатични кон тоа што и се случува, па и да и остават доволно простор да ја охрабрат да се избори со проблематиката.

– Кога не гледаш дека некој ти подава рака, не ја пружаш ни својата на некој начин. Многу од жртвите не знаат каде да се обратат. Имаше една кампања во соседна Србија каде што на влошките беше оставен телефонскиот број на линијата за  подршка каде што можеа веднаш да се јават додека се затворени во тоалетот во некоја минимална безбедна средина за нив. Тоа нешто не се случува кај нас –вели Стефановиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ