„Не е вистина дека Венецијанската комисија наложила државите да организираат избори, само доколку поминат 60 дена од завршувањето на вонредната состојба, како што манипулираат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Таквата препорака на Веницијанската комисија, се однесува само на Грузија, а не и на нашата држава“, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека во Извештајот на Венецијанската Комисијата е наведено дека постои формално правило во меѓународното право коешто ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба, реферирајќи на различни уставни и законски примери од државите, меѓу коишто е и Уставот на Грузија којшто предвидува дека по воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена.
„ВМРО-ДПМНЕ свесно испушта да каже дека во Уставот на Република Северна Македонија не постои таква одредба и дека согласно нашиот Устав избори не може да има единствено за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на Претседателот на државата. Ова никако не значи дека постои рок од 60 дена којшто треба да помине од крајот на вонредната до денот на изборите“, стои во соопштението.