Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Пред Комисијата за политички систем е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба во второ читање, додека Комисијата за транспорт треба да расправа по Предлог- дополнувањето на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, кој е исто така во второ читање. (МИА)












