ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓан(к)ите на Неготино за тоа каква иднина ја очекува Македонија во однос на екологијата.
Повеќето од граѓан(к)ите од Неготино се согласни со тоа дека Македонија ја чека црна иднина и дека не очекуваат некои поголеми промени.
„Мислам дека не ни е баш светла работата, треба да се подобри животната средина, екологијата, загадувањето… треба да се работи на тој случај“, вели еден граѓанин.
Во однос на тоа дали општината и граѓаните се грижат доволно за животната средина, тој вели дека граѓан(к)ите фрлаат ѓубре сè уште, а општината во границите на можностите ги прават работите.
„Мислам дека сите ние сме за зелена иднина и секој поединец треба да почне најпрво од самиот себе. Доколку ние си направиме здрави навики да се грижиме за екологијата во општеството во кое живееме, и го презентираме на нашите најблиски мислам дека секој може на таков начин да допридонесе за поздраво општество“, вели една граѓанка на Неготино.
Ангела Петровска
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски