• Latest

Селцас: Договорот од Преспа е позитивен и во корист на двата народа

September 23, 2018

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Селцас: Договорот од Преспа е позитивен и во корист на двата народа

September 23, 2018 10:00
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивен и во корист на двата народа е Договорот од Преспа, според Константинос Селцас, пратеник од грчката владејачка партија СИРИЗА.

Во интервју за МИА, изразува надеж дека двете страни успешно ќе ги завршат предвидените обврски и договорот ќе се имплементира, бидејќи соседните земји треба да бидат и пријатели.

Во грчкото село Псарадес, на 17 јуни, за време на потпишувањето на договорот, присутни беа и грчки и македонски пратеници, кои имаа можност во поопуштена атмосфера да разменат мислења, меѓу претставниците грчките пратеници од СИРИЗА, беше и Селцас, кој вели дека со колегите од Македонија, разговарале за поголема парламентарна соработка.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, пратеникот Селцас во пресрет на референдумот вели дека потребно е „ЗА“ да добие силно мнозинството,и додава дека и тој лично е „ЗА“.

Господине Селцас, како би го карактеризирале Договорот од Преспа?

Договорот од Преспа е авангарден и договор во корист на двата народи, од него ќе имаат придобивки и двете држави и двата народа во заедничкиот тек во Европската унија. Би го карактеризирал како многу позитивен и лично им честитам на двајцата премиери кои придонесоа во оваа насока.

За да стапи во сила договорот пред нас имаме процеси и во едната и во другата земја. Сметате дека сѐ ќе се заврши успешно, дека ќе помине договорот и на референдумот и во грчкиот Парламент?

Посакувам да помине. Верувам дека ќе помине. Во оваа насока чекориме и покрај тешкотиите што се појавуваат и во едната и во другата држава. Но, верувам дека на крај ќе победи логиката , ќе победи заедничката иднина, мислам дека не постои друг начин од овој, за  да најдеме заеднички решенија, заедничко решение,  мислам дека не е во интерес да не постои решение, бидејќи не можеме повеќе да чекаме,треба да стекнеме пријател, а пријател е секогаш соседот, така што треба во секој случај да помине.

Ги споменавте претходно придобивките, Вие бевте во Преспа кога се потпишуваше договорот, заедно со пратеници од СИРИЗА и имавте можност да поразговарате со колегите пратеници од Македонија. Сметате дека овој договор отвора перспективи за поголема парламентарна соработка?

Секако, секако, разговаравме сте пратеници заедно во Преспа, бевме среќни, и искрено тоа беа навистина многу емотивни моменти  и другите колеги и од грчкиот парламент и од собранието на соседната земја, сфативме дека навистина не постои ништо што ги разделува двата народи и треба да најдат заедничка точка за разговор.

Разговаравте за некои конкретни проекти, за некоја конкретна соработка?

– Да, да секако. Разговаравме за соработка и за контактите што треба да ги имаме и парламентарни соработки и парламентарни контакти за да се зближиме, за да го запознаеме соседот, да се запознаеме како соседи и да видиме кои сме и што бараме во оваа насока.

Според вас, реакциите што постојат во двете земји, особено од опозициите, се очекувани? Можеби очекувавте посилни реакции или можеби помали?

Реакциите беа очекувани. Не кријам дека национализмот се насочени и од двете страни, и од едната и од другата страна затоа што едниот национализам го храни другиот национализам. Така што, очекував, но веруваме дека на крајот ќе преовладее логиката,  затоа што национализмот нема иднина во Европската унија. Национализмот во минатото има донесено народи во многу тешки ситуации и ние овде на Балканот бидејќи го знаеме национализмот треба да го отфрлиме  и да го оставиме зад нас. Балканот е тежок регионот, тешки соседи сме,  но конечно ова треба да биде минато.

СИРИЗА е секогаш „во прв ред“ против национализмот…

СИРИЗА, левицата секогаш е во прв ред и искрено донесе одлука и покрај тешкотиите рековме дека треба да одиме напред, да решаваме проблеми, а не да создаваме во тешкиот регион на Југоисточна Европа.

На една седмица пред референдумот, што би им порачале на вашите соседи?

Потребно е следната недела, „ЗА“ да добие силно мнозинството, така што и јас од моја страна сум „ЗА“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ