• Latest

Семинар на ЦИВИЛ во Струмица: Не пропуштајте ја можноста за активно учество во транспарентни и одговорни политички процеси

February 4, 2020
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Семинар на ЦИВИЛ во Струмица: Не пропуштајте ја можноста за активно учество во транспарентни и одговорни политички процеси

Откако ЦИВИЛ го воведе граѓанското новинарство во следењето на човековите права и изборите, јавноста е алармирана, а исто така и прекршителите. Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо - јавноста за тоа може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинарки и новинари. Семинарите на ЦИВИЛ се извонредна можност да се научат вештини што овозможуваат вклучување во мониторингот на организацијата.

February 4, 2020 12:50
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ продоллжува со серијата семинари овој пат во Југоисточниот регион. Еднодневниот семинар „Граѓански објектив: транспаретност и одговорност во политичките процеси“ ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, од 10:30 до 17 часот, во хотел Есперанто. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Семинарите на ЦИВИЛ кои се дел од проектот „Граѓански објектив“, претставуваат можност за граѓанките и граѓаните да се запознаат со основите на човековите права, основите на новинарското известување, граѓанскиот активизам, како и со вештините на мониторингот и граѓанското учество.

Семинар за граѓанско новинарство, Штип

Откако ЦИВИЛ го воведе граѓанското новинарство во следењето на човековите права и изборите, јавноста е алармирана, а исто така и прекршителите. Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо – јавноста за тоа може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинарки и новинари.

Учесниците на семинарите имаат можност активно да се вклучат во општествените промени на локално и национално ниво и да учествуваат во демократските трансформации на општеството.

Како да станеме активни граѓанки и граѓани, семинар во Гостивар

Според ЦИВИЛ, семинарите што се дел од овој проект, претставуваат одлична можност за воспоставување на соработка со организацијата, а во пресрет на изборните процеси, тие се најважната етапа да се стане дел од мониторинг тимовите на организацијата.

ЦИВИЛ, како и сите претходни изборни процеси од 2008 година наваму, ќе го мониторира спроведувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Заинтересираните, што сакаат да станат дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ, пожелно е да пополнат пријава за учество.

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. На овие семинари до сега учествуваа над 1.100 граѓанки и граѓани од сите краишта на земјата.

Во меѓувреме, ЦИВИЛ ги охрабрува сите граѓанки и граѓани што сакаат да бидат активни чинители во општеството, да прочитаат и научат повеќе за важноста на граѓанското новинарство во последните публикации на ЦИВИЛ, што се резултат на ангажираноста и успешноста на граѓанските новинарки и новинари: Промената е во вашите раце, објавена во 2019 година, како и публикацијата Граѓански објектив: Повеќе од проект од 2018 година.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ