• Latest

Северна Македонија и Грција по падот на Ципрас и подемот на Мицотакис

July 16, 2019
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Северна Македонија и Грција по падот на Ципрас и подемот на Мицотакис

Додека минатата година Република Грција и Република Северна Македонија, конечно ставија крај на тридеценискиот спор со името, една година подоцна, јавноста стравува дека со промената на власта во Грција, можна е промена на билатералните односи меѓу двете земји, кочење на интегративните процеси на Северна Македонија. На оваа тема, што значат резултатите од грчките предвремени избори за Северна Македонија, зборувавме со претставници на власта и граѓанскиот сектор, политички аналитичари и граѓаните на Скопје и Велес.

July 16, 2019 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МАЈА ИВАНОВСКА

По речиси четири години во опозиција, на предвремените парламентарни избори во Грција, кои се одржаа на 7 јули, победи десноцентристичката Нова демократија и повторно ја презема власта. Премиерот Алексис Ципрас уредно го призна поразот од неговиот ривал Киријакос Мицотакис.

Нова демократија освои 39,85 отсто од гласовите, а левичарската СИРИЗА на Ципрас е на второ место, со 31,53%. Според прелиминарните резултати, коишто ги објави грчкото министерство за внатрешни работи, Нова Демократија освоила 158 пратенички места (вклучувајќи ги 50-те бонус пратеници што ги добива победникот), наспроти 86 на СИРИЗА. Парламентот во Грција има 300 пратенички места.

Додека минатата година Република Грција и Република Северна Македонија, конечно ставија крај на тридеценискиот спор со името, една година подоцна, јавноста стравува дека со промената на власта во Грција, можна е промена на билатералните односи меѓу двете земји, кочење на интегративните процеси на Северна Македонија.

На оваа тема, што значат резултатите од грчките предвремени избори за Северна Македонија, зборувавме со претставници на власта и граѓанскиот сектор, политички аналитичари и граѓаните на Скопје и Велес.

НОВАТА ВЛАСТ ВО ГРЦИЈА Е ТЕСТ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Иако за вакви теми е вообичаено да говорат политичари, дипломати е експерти за меѓународна политика, Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа има став дека за овие и ваквите прашања е пресудно тоа што мислат граѓанките и граѓаните, а не политичарите. Оттаму, организациите на граѓанското општество се првата адреса на побаравме одговори за влијанието на грчките предвремени парламентарни избори и смената на власта, од левичарска и пријателска кон Преспанскиот процес кон десничарска власт чиј предводник жестоко се бореше против решенијата што ги постигна македонско-грчкиот договор за надминување на проблемот со името.

„Формирање на новата власт во Грција ќе биде прв тест за договорот од Преспа, бидејќи знаеме дека таму Нова Демократија беше противник, како што тука ВМРО-ДПМНЕ беше противник на Договорот. Добро е што прво кај нив се случи промената за да видиме како тие ќе се однесуваат кон Договорот. За очекување е да има проблеми во спроведувањето, но не би рекол дека е загрозен самиот Договор, бидејќи и Киријакос Мицотакис неколку пати изјави дека нема можност Грција да го поништи. Како една од причините се спомнува дека ако се случи тоа, тогаш Турција ќе бара поништување на многу договори кои би биле на штета на Грција“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Александар Кржаловски, директор на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Кржаловски потенцира дека нема можност ни од ставање на вето за почетокот на преговорите.

„Мицотакис неколку пати се закануваше со можноста да стави вето на отворањето на поглавјата, но на самиот почеток на преговори не би требало и не очекуваме Грција да блокира, особено ако се единствени сите други земји да дадат датум за почеток на преговорите“, додава тој.

Кржаловски не гледа опасност во краткорочен период, односно во текот на оваа година, но очекува доста пречки и подметнувања во наредниот период.

„Не успеав да видам кој министер е избран за Македонија и Тракија, за нивната Северна Грција, за нивниот дел, и ако е таму човек кој е порадикален во однос на прашањето на нашето име ќе може да очекуваме многу сопки, во смисла, тој повеќе да се занимава со нас отколку со Северна Грција, односно да гледа дали се применува Договорот по негово толкување, или по толкување на неговата партија, Нова Демократија, дали ќе се вее знамето на Вергина и тоа да се третира како кршење на Договорот… Зависно од тоа, ќе треба да се очекуваат проблеми во текот на спроведувањето. Но, ако е изборот како што е на пример министерот за надворешни работи, кој не е познат како радикален, туку како умерен политичар, можеби ќе поминеме подобро отколку што се очекуваше, бидејќи во интерес на Грција ќе биде ова да го тргне на страна како проблем, оти си имаат повеќе и посериозни проблеми. Сметам дека сега треба да ги обноват релациите со Вашингтон и особено со Берлин. Така што, не очекувам да има сериозни пречки во наредниот период“, истакна Кржаловски.

ВЛАДАТА НЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМИ ПОРЕМЕТУВАЊА ВО БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, смета дека нема потреба од страв за нарушување на односите меѓу двете земји, дека е воспоставена првичната комуникација со новата Влада на Грција.

„Демократската транзиција на власта е вредност сама по себе. Независно од тоа кој победува. Понатаму, Република Северна Македонија и Грција веќе имаат потпишано договор за стратешко партнерство. Преспанскиот договор е договор којшто ги надминува границите на една политичка партија или на една влада. Тоа е меѓудржавен договор, со меѓународна гаранција, потпишан од Обединетите нации како гарант на тој договор. Така што сметам дека Преспанскиот договор ќе биде платформата на која ќе се градат овие добри меѓуетнички односи и ова стратешко партнерство меѓу државите во иднина. И нашиот пат кон ЕУ и НАТО ќе се заснова на оваа платформа“, вели Османи.

„Не очекувам некои големи пореметувања, бидејќи темелите на ова партнерство се создадени. Првата комуникација со новата влада е воспоставена, така што очекувам во наредниот период таа комуникација да биде воспоставена во сите ресори, особено во смисла на поддршката која грчката влада ја дава на преговарачкиот процес. Очекувам во овој период тие комуникации да се воспостават и таа соработка да продолжи“, додава тој.

ГРЧКИТЕ ДЕСНИЧАРИ ЌЕ ДЕЈСТВУВААТ ОХРАБРУВАЧКИ ЗА ДЕСНИЧАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

„Секоја политика на една држава влијае на соседните држави, па и пошироко, се разбира. И во тој контекст, особено важно е дека треба да се очекува извесна промена на политиките на Република Грција кон Република Северна Македонија. Од она што не мора да се плашиме е тоа дека Мицотакис сигурно нема да оди против договорот од Преспа, иако самиот беше голем противник на тој договор. Тој, сепак, е свесен дека неговата држава е дел од Европската Унија и дека, колку и да е турбулентна и балканска, грчката политика има извесно искуство и традиција во која се почитуваат барем некои основни темели на она што значи меѓудржавен договор“, смета претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Според него аргумент плус во оваа насока е фактот што не се работи исклучиво за договор меѓу две држави, туку дека тоа е договор што е спонзориран и за него гарантираат многу сериозни и големи држави и сојузи.

„Она што може да се очекува е сериозно поместување на политиките во Грција со доаѓањето на еден десничар, кој припаѓа на една позната политичка фамилијарно клановска структура, која секако дека има националистички и десничарски погледи, ставови, политики и практики. Тоа ќе влијае на нашите односи, ќе влијае на начин на кој сегашната грчка политичка структура ќе бара извесни отстапувања, а можно е и извесно успорување, односно блокирање на некои делови од процесите во кои се наоѓа Република Северна Македонија сега, а и во иднина“, вели Дерала.

Тој смета дека е за очекување и тоа дека Грција како држава ќе има поголеми проблеми со човековите права и слободи во наредниот период, и дека тоа секако може да се одрази и во односите меѓу двете земји.

„Што се однесува до самите избори, одлична вест е што Златна Зора, грчките нео-нацисти, не влегоа во Парламентот, но тоа од друга страна може да значи дека тие ќе бидат малку помалку под контрола на она што се нарекува парламентарна демократија во една земја. Можно е да се очекуваат инциденти кои може да ги засегнат и нашите граѓанки и граѓани кога одат во посета на Грција. Но, од друга страна лоша вест во поглед на грчката ултрадесница е што сепак, иако со далеку помал број на пратеници, влегоа две про-руски, ултра десничарски партии, кои не се разликуваат премногу од она што претставува Златна Зора“, вели тој.

Дерала смета дека е за очекување дека грчките десничари ќе дејствуваат охрабрувачки и поттикнувачки за десничарите во Република Северна Македонија.

„Звучи контрадикторно, но впрочем, оној хаштаг #Мицкотакис и не е измислен сосема случајно…“, поентира тој.

ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ?

На оваа тема зборувавме и со граѓанките и граѓаните на Скопје и Велес.

Поголемиот дел од нив не веруваат дека победата на Мицотакис и новата Влада во Грција можат да влијаат на Преспанскиот договор. Според нив, Договорот не може да биде раскинат, а дел од анкетираните сметаат дека тоа е можно само со договор на двете земји.

„Сепак се работи за држава која е сериозна и е членка на ЕУ и не би смеело да си дозволи да направи таква грешка, да не почитува меѓународен договор“, вели еден граѓанин на Скопје.

Некои од граѓан(к)ите сметаат дека, сепак, процесот со Договорот може да се промени, заедно со промената на Ципрас. „Ќе се смени политиката на Преспанскиот договор. Донесен е од Ципрас и Заев, а сега се Заев и Мицотакис, така што сигурно ќе се смени нешто“, смета друг граѓанин.

БУДНО СЛЕДЕЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА 

Иако Македонија беше главниот адут на двете спротиставени страни на предвремените парламентарни избори во Грција, сепак, веројатноста дека Мицотакис ќе застане на патот на спроведувањето на Договорот, а со тоа и на патот на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ е многу мала. Грција, едноставно не смее да си дозволи да не го испочитува меѓународниот договор, особено во пресрет на фактот дека допрва ќе треба да им се додворува на големите европски и светски сили за да може да се извлече од економската криза, која е и еден од клучните фактори за промената на власта во земјата.

Но, она што никако не смее да се занемари во наредниот период е можноста грчката десница, повторно да ги условува процесите во кои е влезена нашата земја и истовремено да даде охрабрувачки поттик за десничарите во Северна Македонија.

Затоа, познавачите предупредуваат дека е потребно будно следење на ситуацијата во наредниот период и секако, работа на зачувување на веќе воспоставените односи меѓу двете земји. Она што најмалку ѝ треба на земјава во наредниот период е заладување на односите и повторна блокада на евро-интегративните процеси.


Темата ја подготвија:
Дехран Муратов (интервју со Александар Кржаловски)
Маја Ивановска (интервју со Бујар Османи и Џабир Дерала)
Биљана Јордановска и Ангела Петровска (анкети)
камера: Дехран Муратов и Ангела Петровска
монтажа: Биљана Јордановска и Ариан Мехмети

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share93Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ