• Latest

Шахпаска: Со Оперативниот план за вработување ќе бидат опфатени најтешко вработливите и најранливите

March 3, 2021
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Со Оперативниот план за вработување ќе бидат опфатени најтешко вработливите и најранливите

March 3, 2021 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата усвои Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава за што се обезбедени милијарда 516 милиони денари или околу 25 милиони евра, а со него ќе бидат опфатени 10279 лица. Со Оперативниот план, како што посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ги опфати најтешко вработливите и најранливите категории граѓани, а првпат годинава повеќе средства ќе бидат издвоени за понеразвиените региони.

-Ние првпат во воведот на Оперативниот план ставивме три принципи Првиот – при вклучувањето во оперативниот план  предност да имаат лицата кои останале без работа поради ковид-пандемијата, бидејќи тоа се лица кои најлесно би се вработиле, бидејќи имаат квалификации и вештини и веќе биле на пазарот на труд. Вториот принцип е диверзитет и инклузивност согласно меѓународните стандарди на МОТ кој ќе значи дека сите граѓани во државата ќе имаат право да учествуваат на пазарот на труд, односно да се вклучат во оперативниот план, кој е креиран да овозможи вработување на најтешко вработливите категории граѓани, кои долго биле надвор од пазарот на трудот, но, пред се ранливите без разлика на етничка припадност, пол националност…, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Прифатниот центар за поддржано живеење на бездомни семејства каде се изврши попис на овие лица.

Оперативниот план, нагласи министерката, дава можност во сите програми и мерки да биде пресликано општеството, но кога аплицираат граѓаните аплицираат за онаа мерка за која ги исполнуваат условите. За која било  мерка, појасни таа, се аплицира врз основа на јасно прецизирани критериуми, а дополнително при изборот се повикува на трите принципи од воведот на планот.

-При изборот на лицата кои треба да бидат вклучени вие не можете да принудите да влегуваат ако не пројавиле интерес на пример Македонци кај македонски работодавач, не може да ги принудиме со сила да вработуваат ако не постојат такви во понудата. Кога имате претставници од различни етнички заедници да биде при изборот отсликано општеството, диверзитетот, различноста на сите граѓани, но, основен критериум за влез е ранливоста на граѓаните, рече министерката за труд и социјална политика.

Третиот многу значаен принцип кој првпат го ставаме во воведот на оперативниот план, истакна Шахпаска, е рамномерниот регионален развој повеќе средства за општини кои се помалку развиени.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ