• Latest

Шаленберг: Преговорите се како Тур де Франс, не треба да постои дискриминација кој е на стартната позиција

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шаленберг: Преговорите се како Тур де Франс, не треба да постои дискриминација кој е на стартната позиција

October 7, 2019 12:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите со Европската Унија, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи Александер Шаленберг ги спореди со Тур де Франс – патот е долг, со многу патеки и потешкотии. Шаленберг, кој е во посета на Северна Македонија на прес-конференцијата по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека позицијата на Австрија е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори.

“Овој процес може да го споредам со Тур де Франс. Не е важно само кој ќе биде на стартната позиција, понатаму има многу етапи, стази и патот е долг, но верувам дека не треба да постои дискриминација во врска со тоа кој треба да стои на стартната линија на оваа тура“, рече Шаленберг.

Нагласи дека не случајно земјава ја посетува сега, тајминот е наменски, пред престојниот Европски совет.

„Оваа посета е сигнал на поддршка и солидарност со Северна Македонија. Следната седмица е клучниот момент, во ЕУ кога ќе мораме да донесеме одлуки за идното пристапување на Северна Македонија и Албанија и ве уверувам дека Австрија има јасна позиција во врска со тоа. Веруваме дека вашата земја заслужува да го направи следниот чекор. Скопје ги испорача резултатите, сега е ред на Брисел да го испорача своето. Тоа е нашата позиција“, рече автрискиот министер.

Нагласи дека следната седмица сите земји-членки нема да имаат исто мислење, но тој е оптимист и уверен е дека во Брисел ќе бидат постигнати позитивни чекори и ќе биде дадено зелено светло за преговорите.

Австрискиот државен врв, додаде тој, стапил во контакт со нивните колеги од другите земји-членки за да се уверат дека во Брисел ќе биде донесено правилното решение.

Димитров нагласи дека фокусот на денешната средба бил претстојниот Европски совет и додаде дека ова за земјава не е само уште еден ЕС.

„Решивме тешки прашања во период кога во Европа, па и во светот нема многу решенија на проблемите посебно на големи проблеми. Имаме еден демократски пресврт со сите минуси и грешки, кои за жал уште ги правиме, но македонското општество е позрело и подемократско од пред три години. Тоа е факт, правиме скокови во слободата на медиумите, во независноста на судството, има повеќе одговорност, има очигледно независна антикорупциска, има добри и видливи реформи во секторот разунавање – се заедно заслуживме да го направиме следниот чекор кој е почеток на европскиот пат, не е крајот“, нагласи Димитров.

Билатералните односи двајцата министри ги оценија како одлични, расте трговската размена, а Австрија е инвеститор број еден во земјава.

Шаленберг нагласи дека австриските компании имаат голем интерес за натамошно инвестирање во земјава.

Тој и се заблагодари на земјава и за соработката во справувањето со мигрантите. Потсети дека Австрија има најмалку десет полицајци на границите и додаде дека ќе продолжи поддршката во таа насока, со оглед на тоа што изминатиот период е забележано одредено зголемување на мигрантите.


извор МИА

Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ