• Latest

Шекеринска-Мехај: Безбедност и стабилност на целиот регион, цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина

August 25, 2021

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска-Мехај: Безбедност и стабилност на целиот регион, цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина

August 25, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија кон крајот на минатата година како НАТО-членка започна и со свои сили да придонесува кон мисијата на Алијансата во Косово. Нашата заедничка мисија и тука е целта која што ја споделуваме и со Владата на Република Косово е да обезбедиме безбедност и стабилност на целиот регион, безбедност и стабилност на Косово, да имаме навистина регион којшто ќе цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина. Тоа е иднината која што ја посакувавме и за нашите граѓани и тоа е иднината која што граѓаните во нашиот регион целосно ја заслужуваат, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.

Како земја контрибутор во стабилноста на Косово, нашиот интерес е најмладата држава на Балканот да се развива според демократските стандарди и да го заземе своето место на партнер и сосед меѓу земјите во регионот, напиша министерката на својот Фејсбук профил.

Северна Македонија го поддржа и го поддржува дијалогот Приштина – Белград во насока на постигнување договор со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целина. рече Шекеринска.

Министерката Шекеринска се осврна и на соработката во областа на военото образование,каде на Воената академија од 2012 година се запишаа осум генерации на питомци, од кои пет генерации веќе го завршија школувањето. Тоа беше гест на пријателство, но и гест на доверба кон нас . Во моментов на Академијата се школуваат четворица косовски питомци, од кои три млади девојки амбициозни, рече Шекеринска. Шекеринска нагласи дека се додаваат дополнителни елементи во билатерална соработка меѓу двете земји.

Со потпишуање на Меморандумот за разбирање се создава поблиска и поцврста соработка во доменот на битката против лажните вести и дезинформациите. Ако во минатото единствениот непријател беше воена сила, сега дезинформациите можат да го загрозат здравјето, може да ја загрозат безбедноста, може да го загрозат регионот. И затоа навистина очекувам дека со овој Меморандум за разбирање и соработка во борбата против лажни вести и дезинформации, како и развојот на односите со јавност ќе покажеме и добра регионална соработка, но и ќе си помогнеме на двете држави, потенцира Шекеринска.

Министерката Шекеринска информира дека веќе две години сме и во врвот на активната транспарентност во државата, а Министерството  е најтранспарентната институција. Во истражувањата на „Транспаренси интернешнл“ бевме рангирани на второ место во целата Централна и Источна Европа, далеку подобри од некои претходни земји членки на НАТО.

Со овој Меморандум ќе имаме специјално развиени курсеви за односи со јавноста и справување со дезинформации коишто нема да ги користиме само ние, туку ќе бидат и за потребите на МО на Република Косово и тие ќе ги креира нашиот НАТО-Центар, Регионалниот центар за односи со јавност и еден од нив ќе биде реализиран тука во Скопје, а еден дел ќе биде реализиран во Косово, рече Шекеринска. Додаде дека логично е две соседни земји да си помагаат и да се поддржуваат и додаде оти овој Меморандум е само еден чекор во развивање на побогата одбранбена соработка.

Шекеринска изрази надеж дека на почетокот на септември ќе има заедничка седница на двете влади и дека, како што рече, ќе ја испратиме пораката дека нашиот регион научил од своите грешки во минатото и дека со многу амбициозност, отворен, модерен, пријателски дух гледа кон нашите заеднички предизвици на целосна интеграција кон европските и евроатлантските институции. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ