Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер.
Спајсер рече дека политиката на администрацијата на американскиот претседател Бајден во последните неколку месеци, особено во врска со прашањата релевантни за Трамп, како што е имиграцијата, го охрабри поранешниот претседател да ја разгледа својата кандидатура за општите избори следната година, бидејќи планира да биде влијателен во обликувањето на американската политика.
По претседателските избори во САД, на кои Бајден беше избран за претседател, Трамп тврдеше дека гласањето е наместено, за што, и покрај пребројувањата и истрагите, не се пронајдени никакви докази./ МИА












