• Latest

Синдикатите испорачаа барања за почитување на работничките права

May 2, 2021

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикатите испорачаа барања за почитување на работничките права

May 2, 2021 09:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На одделни собири и во посебни првомајски манифести и прогласи најголемите синдикати во државава на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај испорачаа барања за почитување на работничките права, повисоки плати, помош за тие што останаа без работа од почетокот на ковид пандемијата, помалку притисоци и поголема поддршка за синдикалното здружување. Заедничка констатација на сите е дека корона кризата ги уназади работничките права.

Нов закон за работни односи со европски стандарди  што ќе овозможи договорите за вработување на определено време да важат најмногу до една година по што автоматски да се трансформираат на неопределено време, породилното отсуство да трае 12 месеци, КОВИД -19 да биде професионално заболување платено со стопроцентен надомест, се дел од барањата што ги упати вчера Сојузот на синдикатите на Македонија на одбележувањето на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.

Лидерот на ССМ Дарко Димовски до Владата упати барање да се укине членот од Законот за работни односи за контролен период кој овозможува работникот да работи прекувремено без престан, а за прекувремената работа да не биде платен, како и за зголемување на минималната плата  и таа да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата. Синдикатите побараа и пензионирање по повеќе основи – старосна пензија, пензија по години на стаж, како и предвремена пензија, но и здрави и безбедни услови за работниците, како и подобар здравствен систем и здравствени услуги достојни за граѓаните и работникот.

Претседателката на Секцијата на млади при ССМ Ирена Силјановска  предупреди дека дел од компликациите предизвикани од пандемијата со Ковид-19 допрва ќе станат видливи. Од почетокот на здравствената криза во март лани досега од вкупниот број на лица кои останаа без работа и егзистенција речиси 30 проценти се млади лица под 29 години.

– На овој ден повикуваме да се слушне и нашиот глас и бараме од сите релевантни чинители во општеството не само декларативни, туку реално да обезбедат поголема заштита на нашите работнички права и да обезбедат сигурни и безбедни работни места, поголема и социјална економска сигурност, како и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики. Само така ќе го спречиме одливот на мозоци и младите својата перспектива ќе ја гледаат во својата држава,  рече Силјановска.

Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, исто така одржа собир и пред Владата испорача барања во прво мајски манифест.

Нивниот лидер Благоја Ралповски истакна дека КСС изразува огромна загриженост за лошата економска и социјална положба на работниците, особено во време на пандемија кога, како што рече, голем број работници ги изгубија своите работни места. Кризата, потенцираше, уште еднаш ја покажа вредноста на работниците за нормално функционирање на општеството, особено во време на пандемија.

– Првото барање е итно да се утврди репрезентативноста на најголемата синдикална организација на национално ниво во јавниот сектор, а тоа е КСС. Второ, усогласување на платите по вертикала во согласност со покачувањата на минималната плата, од причина што овој момент имаме порамнување на повеќе работни позиции со различен степен на сложеност на работните места со непочитување на Законот за минимална плата во целост, а тоа е членот 2 и членот 8 каде што можеме слободно да кажеме дека на 300 до 400 илјади работници природно не им се зголемија нивните плати, наведе КСС во прво мајскиот проглас.

Тие го повторија и барањето за регрес за годишен одмор за сите работници и во приватниот и во јавниот сектор, но  и за работници на кои ова право им е регулирано со колективните договори, затоа што, како што истакнаа, тоа право не може да се суспендира со уредби или со заклучоци на Влада. Во нивните барања е наведено и да престане прогонот врз синдикалните лидери и политичкиот притисок врз синдикалното организирање, итно да се формира солидарен фонд со кој ќе се обесштетат сите работници кои останаа без работа по кој било основ во тек на пандемијата.

Воедно, безусловно да се почитува Уставот, законите и колективните договори, да престане политичкиот притисок врз институциите кои ги спроведуваат или контролираат законите од областа на трудовото право, како и сто проценти плата за оние кои се заразени со Ковид-19 на работно место или се во самоизолација и признавање за професионално заболување на Ковид-19 за сите работници во Македонија.

Од КСС го повикаа, како што рече Ралповски, братскиот синдикат ССМ, да им се придружи и заеднички да ги одбранат работничките права, а како причина зошто тоа не се случи вчера наведоа дека упатиле повик и до ССМ и до голем број граѓански организации, но како одговор добиле објаснување дека периодот од пет до шест дена за организација не е доволен.

Заеднички првомајски проглас, пак, упатија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Независниот академски синдикат (НАкС), Левичарското движење „Солидарност“, Здружението на граѓани „Гласен Текстилец“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права

-Најголемиот товар на кризата предизвикана од прогласената пандемија на COVID-19, повторно падна на грбот на сиромашните, додека богатите продолжија да се богатат од трудот и маката на работничките и работниците. Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат. На глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4% од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми богатството на светските милијардери. Во Македонија, десетици илјади лица останаа без работа за време на кризата. Многу повеќе останаа без примања, додека богатите го дуплираа својот капитал, заштитени од мерките што државата ги донесе за да им помогне на фирмите, оценија синдикатите во прогласот.

И тие побараа итно носење на новиот закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата и ќе ги штити нивните права и интереси, покачување на минималната плата, имајќи предвид дека потрошувачката кошница постојано се зголемува, односно, трошоците за задоволување на основните егзистенцијални потреби како исхрана, облека и средства за заштита од вирусот постојано растат, измени и дополнување на Правилникот за професионални болести со цел болеста предизвикана од Ковид-19 да се предвиди како „повреда на работа“ за сите работници и соодветно на тоа, надоместокот на плата ќе се исплаќа во висина од 100 проценти  од основицата, додека трае спреченоста за работа.

Анализите на универзитетскиот професор по Трудово право на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Андон Мајхошев покажуваат дека пандемијата и стравот да не се изгубат работните места драстично ги намалија штрајковите и социјалните протести во текот на минатата година.

Според неговата евиденција, лани имало само два штрајка, а пет социјални протести. Тој оценува дека работниците преферираат незадоволството да го изразуваат преку протести, вон работното време, бидејќи не се членови на синдикатите. Според него, Законот е таков што за да се организира штрајк, мора да биде организиран од страна на синдикатите.

– Од почетокот на годинава па се до денеска, имаме регистрирано пет социјални протести, исто колку што имало и минатата година. Незадоволство кај работниците има, но здравствените протоколи во време на пандемија и стравот кај работниците очигледно е дека се причина за намалување на бројот на штрајкови и протести, вели Мајхошев.

Анализите за колку работниците членуваат во синдикатите се прават на пет до десет години, со цел да се има реална и веродостојна слика. Последните анализи на Мајхошев за синдикалната густина се од 2019 година и покажуваат дека во синдикатите членуваат 23 проценти од вработените. Светски тренд е намалување на бројот на членови во синдикатите, но тоа се должи на губење на довербата во синдикатите.

Над 40 проценти од обраќањата на работниците кои минатата година побарале правна помош од ССМ се за неосновано намалени и неисплатени плати, додатоци на плата и регрес за годишен одмор, а исто толкав е и процентот на обраќања за отказ од работа.

Традиционално по повод 1 Мај честитки со пораки до работниците упатија политичарите. Премиерот Зоран Заев во видео обраќање истакна дека Владата во услови на криза обезбедила зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, упати критики за состојбата со работничките права и порача дека е време поразите и неуспесите да се заменат со чесна работа, подобар стандард и вреднуван труд.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ