На прашањето за тоа дали очекуваат фер и демократски кампања и избори, Славјанка Петровска заменичката министерка за внатрешни работи, на панелот „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ во организација на ЦИВИЛ, вели дека на почетокот на формирањето на техничката влада била оптимист, сега тоа е малку променето, дека во МВР се случуваат некои потези кои не оставаат впечаток дека се подготвуваат за фер и демократски избори.
„МВР е една од најчувствителните органи, улогата не е само чување на избирачките места, влијанието на полициските службеници може да биде злоупотребена, како што се правеше во минатото. Треба да испратиме проака дека МВР професионално ќе ги спроведе изборите, тоа значи старите манири на мешање на партиите треба да ги заборавиме“, вели Петровска.
Петровска вели политичките паритии ќе истапат со политичките програми и ќе дискутираат за нивните цели и ширењето на лажни вести и црна пропаганда ќе го остават на страна.
„Тоа не значи дека инстиутциите не треба да бидат будни и да реагираат. Политичката волја да биде поистакната, да се залагаат за позитивна кампања, не за ширење на лажни вести, институциите да бидат будни и да реагираат“, додава Петровска.