• Latest
Фото: МИА

Словачката опозиција покренува иницијатива за гласање недоверба на коалицијата на Фицо

January 21, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Словачката опозиција покренува иницијатива за гласање недоверба на коалицијата на Фицо

January 21, 2025 15:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Словачкиот опозициски лидер Михал Шимечка денеска покренува иницијатива за гласање недоверба на левичарско-националистичката коалиција, обвинувајќи го премиерот Роберт Фицо дека подготвува терен за излез на земјата од Европската унија, пренесе МИА.

Како што пренесуваат словачките медиуми, обидот на опозицијата да ја собори владата најверојатно ќе пропадне затоа што мнозинството, колку и да е тенко со оглед на тоа што падна на 76 места во Парламентот од вкупно 150, се очекува да го поддржи Фицо.

За време на војната во Украина, Фицо се обиде да ги задржи врските со Русија и ја прекина официјалната воена поддршка за Кијив.

Фицо, лидер на левичарската партија Смер-ССД и премиер на Словачка во четири мандати, исто така рече дека Словачка мора да се подготви за „сите можни кризни ситуации“ со кои ЕУ може да се соочи во блиска иднина, вклучително и распадот на европскиот блок.

– Ова не може да се толкува поинаку освен како што предупредивме: дека владата предводена од партијата Смер го подготвува теренот за излез на Словачка од Европската унија, изјави Шимечка, лидер на најголемата опозициска партија, Прогресивна Словачка.

– Ова го сметам за егзистенцијална закана за нашите национални интереси и тоа е доволно за да и изгласаме недоверба на Владата, рече Шимечка во Парламентот.

Фицо возврати дека надворешната политика е одредена од членството во НАТО и ЕУ, но дека Словачка не може да биде „статична“ во светот кој брзо се менува.

„Што ако група од три или четири најголеми земји рече, дами и господа, или ќе бидеме супердржава во која ќе го изгубите целиот национален суверенитет или ќе тргнете по својот пат? Зборуваме за развој кој може да се случи многу брзо, истакна Фицо.

Тој го повтори своето противење мнозинскиот принцип да се применува на се повеќе области во ЕУ наместо едногласно одлучување. Ова, предупреди, ќе ја ограничи моќта на националното вето.

Словачката опозиција му замерува на Фицо што минатиот месец ја посети Москва и се сретна со претседателот Владимир Путин за да разговара за гасот, а не го посети Кијив.

Фицо ја обвинува опозицијата дека подготвува протести за преземање на власта, но Шимечка тоа го негира.

За време на својот мандат, Фицо ги посети и Кина, Бразил и Турција, водејќи надворешна политика во „сите правци“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    170 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ