Од архивата на ЦИВИЛ Медиа пред две години, на тема социјална правда, во Тетово.
„Порано беше подобро, секој имаше работа, а денес е многу лошо“, велат двајцата наши соговорници, тетовчани, учесници во своевидниот „дуел“ пред камерата…
Според нив, со 50 евра не се живее! Двајцата пријатели тврдат дека работникот во приватните претпријатија во Македонија не е заштитен, а дека државните фирми – „повеќе не постојат“.
Тие се критични и кон граѓан(к)ите кои не внимаваат на екологијата и предлагаат неколку примери за тоа како може да се заработува и да се чува животната околина. „Не може Општината сè да прави. И ние малку мора да имаме култура!“












