• Latest

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

August 26, 2019
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

August 26, 2019 09:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

извор: МЕТА.МК

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи.

Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои можеби ќе го погледнат датумот, но не и годината на објавување и ќе помислат дека „вестите“ се актуелни.

Пример за ова е прекуграничната дезинформација што доаѓа од Словенија од јули 2018, во која се тврди дека премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас добиле милијарди евра мито за да го склучат Преспанскиот договор еден месец претходно.

Ова тврдење не беше потврдено во текот на целата следна година.

Меѓутоа, првичното проширување на оваа дезинформација преку границите на балканските држави открива комплексна мрежа на актери во повеќе држави. Случајот беше анализиран во проектот Со критичко мислење до граѓани со медиумска успешност – КриТинк како пример за тековни медиумски манипулации.

Медиуми во Словенија што се во унгарска сопственост ги изобличуваат вестите од Грција за да создадат одредено тврдење

Изворот на лажното тврдење е напис објавен од словенскиот веб портал „Демокрација.си“, а потоа, за кратко, објавен повторно од „Nova24TV“. Двата медиуми се дел од медиумска мрежа што добивала средства од унгарската престолнина преку пријатели на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нивната уредничка политика е тесно поврзана со ставовите на десничарската популистичка Словенска демократска партија предводена од Јанез Јанша, сојузник на Орбан во рамки на Европската народна партија.

Написот во „Демокрација.си“ од 9 јули 2018 година, насловен „Така работи левицата: Заев ги продаде македонците за 30 милијарди евра“, се состои од две реченици со кои се тврди дека грчкиот весник „Прото тема“ објавил дека двата премиери биле поткупени од ЕУ за да го забрзаат договорот за спорот кој траеше 27 години. На начин кој упатува на искажување  мислење и со употреба на пристрасен јазик, порталот ги обвинува „двајцата цврсти левичари“ дека земале мито – 30 милијарди евра за Заев и „веројатно“ еден билион за Ципрас.

Меѓутоа, ваков напис не постои на веб-страната на „Прото тема“. Овој популарен, десничарски наклонет весник има добра репутација во професионалните новинарски кругови и нема докази дека кој било друг медиум, грчки или странски, го цитирал директно за поткупот на двајца политичари.

Доказите упатуваат дека името на „Прото тема“ било искористено за да се додаде  кредибилитет на измислицата создадена преку изобличување на  вест од 6 јули 2018 година каде се пренесува изјава на грчкиот пратеник Димитрис Каменос. Тој вели дека како мотив за склучување на Преспанскиот договор, овозможувајќи консолидација на ЕУ и НАТО, двете земји соодветно ќе добијат 30 милијарди (Северна Македонија) и „пропорционално“ еден билион (Грција) во вредност од „проекти и инвестиции“ во следните години.

Медиумската манипулација вклучувала погрешно претставување на очекуваното пристапување во ЕУ и на други фондови за развој што наводно биле за целите земји како лично мито за премиерите.

Пропаганда финансирана од Унгарија продолжува да го поттикнува недокажаното тврдење во Северна Македонија

Првиот портал во Северна Македонија што го искористи словенечкиот напис за да го обвини премиерот Зоран Заев за предавство беше порталот „Јавно.мк“. Тие од збор до збор ја преведоа статијата на „Демокрација.си“ и додадоа неприкладна слика од Заев. Овој напис беше цитиран како извор од низа десничарски медиуми и социјални мрежи во јули 2018 година и една година подоцна – јули 2019.

Меѓународното истражување „Од онлајн битка до губење на надеж? Перцепциите и навиките на младите во осум европски земји“ го идентификува „Јавно.мк“ како пример за „веб-страница за дезинформации“ „присутна во македонскиот интернет простор“ (стр.16). Веб-страницата „Јавно.мк“ нема импресум и нејзините сопственици не се јавно откриени.

Написот на „Јавно.мк“ постојано се цитираше во голем број медиуми во Македонија кои се сметаат за глас на десничарската популистичка партија ВМРО-ДПМНЕ, како што се „Република“ и „Express.mk“. Написот на „Република“ е отстранет, но трага за неговото објавување останува на агрегаторот „Daily.mk“.

Во мај 2018 година, медиумите што се занимаваат со истражувачко новинарство  БИРН и  ОЦЦРП открија дека унгарските сопственици на словенечките веб-страници што шират десничарска популистичка пропаганда, во периодот кога инвестирале во Словенија исто така постепено ја откупиле „Република“ и уште неколку слични медиуми во  Македонија.

Една година подоцна: нов бран на промовирање дезинформации преку употреба на реклами и групи на Фејсбук

Анализата на „КриТинк.мк“ истакна дека не постои никаква причина, од гледна точка на стандардите за истражувачко новинарство како што е вредноста на веста, да се обновуваат лажни вести стари повеќе од една година. Преку анализата се дознава дека линкот е споделен преку неколку групи на Фејсбук без да биде напоменато дека станува збор за стара вест.

„Објавите во овие групи со неколку илјади членови, имаат голем број лајкови, коментари, а дури и се многу почесто споделувани. Голем дел од коментарите се негативни и вклучуваат навреди и говор на омраза“.

Во овие групи насловени како Здраво Македонијо, Македонски национални интереси, и ГОРДОСТ Е ДА СИ МАКЕДОНЕЦ, вообичаено има содржини против моменталната власт, објави што ги поддржуваат ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и објави што поттикнуваат национализам, лажни тврдења и сензационализам.

Покрај големиот број на Фејсбук корисници кои го споделија линкот преку нивните лични профили, барем еден медиум, „Media24.mk“, стана дел оф кампањата за „рециклирање“ на неоснованото тврдење, објавувајќи идентична копија од минатогодишната објава во „Јавно.мк“ на 14 јули 2019 година. Оваа веб страна нема одобрение и нејзините сопственици не се јавно познати.

Во текот на јули други интернет медиуми со слични политички погледи го зголемија своето присуство на Фејсбук преку употреба на платени реклами. Воедно го пополнуваат просторот со линкови до стари написи за време на „сушата“, односно додека траат летните одмори.

Целокупниот ефект на овој пристап е одржување на високите тензии меѓу населението кое е подложно на популистичка пропаганда. Со ова најпрво се зголемува омразата кон лицата што веќе се плашат од најлошото од страна на назначените политички непријатели, што пак влијае врз сите други членови на јавноста.

 


извор: МЕТА.МК

линк до оригиналниот текст

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ