• Latest
Собрание

Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

March 3, 2022
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

March 3, 2022 20:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Собрание

Собрание

Share on FacebookShare on Twitter

Со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието вечерва донесе Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ.

– Сметаме дека со ништо неиспровоцираната руска агресија врз Украина, претставува еклатантно кршење на меѓународното право и со тоа ја загрозува европската безбедносна архитектура и мирот на континентот. Ние го почитуваме правото на Украина, како и секоја суверена држава, самостојно да одлучува за своето внатрешно уредување и за своите меѓународни приоритети. Бараме од надлежните институции да бидат во тесна координација со членките на НАТО и на ЕУ и да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија во Украина, рече Морачанин.

Таа апелираше до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од говор на омраза и ширење на дезинформации.

– Апелираме и до институциите да дадат придонес во обезбедување на хуманитарна помош за украинските бегалци, без разлика на која територија престојуваат, нагласи Морачанин, која потенцира дека нашата држава мора да ги отвори вратите за бегалците од Украина, додаде Морачанин.

Пратеникот Елми Азири рече дека и пратеничката група на Алијанса за Албанците ја поддржува Декларацијата.

– Овој напад е напад врз нашите заеднички западни вредности, напад врз западната цивилизација и врз слободата и демократијата и ние како држава, преку оваа Декларација укажуваме дека не сме рамнодушни кон овие настани. Загрижува тоа што нашиот северен сосед не стана дел од демократските држави на светот. Ситуацијата со Украина покажа колку се значајни сојузите со западните демократски држави, кои за основа го имаат за мирот и врз основа на мирот ја градат својата иднина, рече Азири.

Тој ја повика нашата Владата и албанските власти да се оградат од проектот напречен „Отворен Балкан“, бидејќи, како што рече, во него е „една држава која ја нема истата позиција како Република Северна Македонија“.

Пратеникот Борислав Крмов изјави рече Левица нема да ја поддржи Декларацијата бидејќи, како што оцени, таа е еднострана.

– Собранието не ги осуди воените дејствија кои изминатите осум години се случувале во Донбас. Ние немавме декларации за тие 14.000 загинати луѓе, немаме лиење солзи за тие деца, а за сегашната ситуација, имаме. Немаме осуда за ултрадесничарскиот Десен центар, кој секогаш кога украинската Влада ќе најави некаков договор со Донбас, тие се закануваат дека ќе ја срушат насилно власта. Ние немаме ниту една осуда за таа ситуација, рече Крмов.

Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите рече дека меѓународното право многупати било прекршено досега, а однесувањето на САД во последните 30 години го нарече „конструктивна деструкција“.

– Дали само ќе го почитуваме меѓународното право кога некој ќе ни каже? Имавме пресуда од Меѓународниот суд на правдата во Хаг за спорот со името со Грција, па меѓународното право се прекрши. Се наметнува униформиран начин на владеење со светот, рече Стоиљковиќ, кој потенцира дека не може кога ви одговара да бидете за меѓународното право, а кога не ви одговара да го прекршувате.

Тој смета дека нашата држава треба вратата да ја остави отворена кон сите, оти едностраниот пристап не води кон никаде.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошески соопшти дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи Декларацијата.

– Во ОН, пред неколку дена се изгалааса Резолуција за поддршка на територијалниот интегритет на Украина и за неа гласаа земји, кои се битни за нашата држава, меѓу кои се Хрватска, Албанија, Србија, Грција, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Турција и многу други. Би апелирал разликите кои ги имаме меѓу себе да не ги проектираме регионално, рече Милошоски.

Тој истакна дека правото на Украина да има своја политика и да поставува свои надворешно политички приоритети и правото на Украина како суверена држава да не и се мешаат во внатрешните работи е принцип кој треба да го почитуваме, изразувајќи надеж оти и нашата Влада ќе го почитува овој принцип во разговорите со Бугарија.

Милошовски забележа дека претседателот Стево Пендаровски, иако имал информации за инвазија на Украина уште на 5 ноември минатата година, тој и Владата не сториле ништо за да ги информираат нашите граѓани во Украина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ