Времето во Македонија во текот на денот ќе биде сончево и топло. Попладне кон крајот на денот, претежно во западните планински подрачја ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Локална нестабилност ќе има и во сабота околу пладне, претежно во западните и североисточните делови. Ново дестабилизирање на времето се очекува во вторник кон среда. (МИА)












