• Latest

Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за Јанева

August 29, 2019
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Обвинетиот за воени злосторства Нетанјаху го номинира Трамп за Нобелова награда за мир, недостасува уште Путин

July 8, 2025
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за Јанева

August 29, 2019 08:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката дали ќе започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев по седницата, која завчера траеше речиси осум часа, изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале единствено да ги разгледаат списите, огромен број материјали кои до нив биле доставени во однос на истрагата за случајот „Рекет“. Најави дека со работа ќе продолжат денеска претпладне, и очекува да биде донесена одлука дали ќе ја почнат постапката за разрешување на Јанева, пишува МИА.

Советот на јавни обвинители, како што рече Штерјев, првпат се соочува со една ваква ситуација во која на шеф на Јавно обвинителство му е определена мерка притвор. Не сакаше да открие дали по однос на ова прашање има спротивставени ставови и мислења меѓу членовите на Советот.

Претседателот Стево Пендаровски вчера од Македонска Каменица, одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на „Рекет“, изјави дека нема политичко мешање во истрагата за овој случај.

„Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари“, рече Пендаровски.

Пендаровски потсети дека пред две недели на прес-конференција повика да се забрза постапката од истражните органи.

„Следејќи ги барањата на граѓаните и знаејќи дека се соочуваме со голема афера, која ја става на тест целокупната правна држава, апелирав тоа да биде побрзо и поефикасно, а понатаму знаете дека не е моја надлежност. Видовме неколку битни активности во таа процесна смисла и понатаму се останува на надлежните органи“, изјави Пендаровски. Повтори дека тој и сите политичари сакаат да видат брза истрага во која нема да се чувствуваат странични влијанија ниту, како што истакна, евентуално влијание од политичарите.

Премиерот Зоран Заев, вчера прашан дали е повикан како сведок во случајот „Рекет“, одговори дека покана се уште не добил.

„Немам добиено покана, секако стојам на располагање за кој било термин. Јас сум тука во државата“, рече премиерот Заев, кој вчера беше во посета на рудникот „Бучим“, на прославата по повод 40 години од неговото постоење и 15 години откако компанијата „Солвеј“ управува со него.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја“, да излезе од притвор и да добие времен пасош.

Обвинителката Вилма Рускоска завчера по состанокот во Советот на јавни обвинители каде беше неколку часа и одговараше на прашањата на членовите за постапката на разрешување на Јанева, изјави дека Обвинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“. Посочи дека се уште се работи на финансиската истрага и оти за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ