Србија повторно не ги почитува рестриктивните мерки на Европската Унија против Русија поради војната во Украина, објави канцеларијата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на 14 јули, пишува РСЕ на српски јазик.
Станува збор за одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија до 31 јануари 2026 година, пренесува Бета.
Сите други земји од Западен Балкан, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина, ја почитуваа одлуката на Советот.
Од Брисел истакнаа дека усогласувањето со оваа одлука значи усогласување на националните политики со ЕУ.
Досега, Србија не се согласила со никакви мерки на ЕУ против Русија.
Србија е земја-кандидат за членство во ЕУ и еден од предусловите за пристапување кон Унијата е усогласување со нејзината надворешна и безбедносна политика.
Отворањето на преговарачките поглавја е во застој, меѓу другото, поради блиските односи што Белград ги одржува со Москва.