Српските студенти и синоќа продолжија со блокирање и сите главни влезови во зградата на РТС, како и сите споредни влезови, јавуваат српски медиуми.
На блокадата беа присутни и студенти од Нови Пазар кои за време на велигденските празници дојдоа да им помогнат на колегите од белградскиот универзитет.
Толпата скандираше „Пумпај, пумпај“, „Студенти, студенти“, „Кој не скока е дете“, дуваа во рогови и свирче и вувузели. Заедно со екс-ју хитовите од осумдесетите, по улиците повремено се пееше и играше.
Граѓаните континуирано им носеа храна, сокови, вода и други потреби на учениците. Согласно велигденските обичаи, голем број ученици и граѓани на овој собир донесоа вапсани јајца.
Шестата ноќ студентите ја минаа блокирајќи ја зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата Таковска и комплексот на јавниот сервис во Кошутњак и го дочекаа Велигденското утро со бројни граѓани кои ги поддржуваат во центарот на Белград.
Академците, од 14 април во 22 часот ги блокираат зградите на јавните служби и изјавија дека блокадата ќе трае „до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).