• Latest

Стопанската комора на Македонија бара да се одвојат пет проценти од БДП за образованието

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стопанската комора на Македонија бара да се одвојат пет проценти од БДП за образованието

October 7, 2019 12:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Македонија бара да се зголемат средствата од Буџетот за финансирање на образованието од сегашните 3,7 проценти од БДП на 5 проценти од БДП. Со повеќе средства за финансирање на образованието ќе се одвојуваат повеќе пари по ученик, ќе се инвестира повеќе во условите за подобрување на образовниот процес и ќе се зголемат платите на наставниците како најодговорни за создавање образован и стручен кадар што може да повлече економски развој и раст на државата.

Средствата што сега се одвојуваат, велат од Комората, не само што не се доволни, туку се и далеку од просекот на ОЕЦД.

„Доколку државата сака да има квалитетно образование кое ќе испорачува стручни и квалитетни кадри мора да ги зголеми инвестициите во образованието. Со образованието не смее да се експериментира ако сакаме да имаме економски развиена и богата држава“, рече денеска на прес-конференција Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија.

Образложувајќи го барањето за зголемување за 50 проценти на средствата што се издвојуваат сега, Јаневска наведе дека од 2011 до 2016 година трошоците за образование во државата како процент од БДП се намалиле од 4,6 проценти на 3,7 проценти. Просекот на земјите во ОЕЦД е 5 проценти од БДП, а нашата земја, посочи Јаневска, одвојува за 25 проценти помалку средства од тој просек. Словенија одвојува 4,3 проценти од БДП или 14 проценти помалку од просекот на ОЦЕД, а Финска 5,7 проценти од БДП или 35 проценти повеќе од одвојувањето што го прави нашата држава во однос на БДП.

Според Јаневска, нашата држава многу малку инвестира во образованието по ученик која што во основното образование лани изнесувало 995 долари, во средното 1.355, а во високото образование 1.198 долари. Просекот во ОЕЦД изнесува 8.500 долари во основното, 10.100 долари во средното и 15.500 долари по ученик во високото образование.

Јаневска потенцираше дека врвен приоритет на државата треба да биде привлекување на најдобрите наставници во професијата со оглед дека имаат клучна улога во животот на учениците што потоа се одразува и на иднината на општеството во целост. За да се постигне тоа, како што рече, треба да бидат обезбедени повеќе предуслови за кариерен развој и за работните услови, а не помалку важно е и вреднувањето на нивната работа.

Според податоците од Државниот завод за статистика, лани реалната исплатена нето плата во основното образование изнесувала 394 долари, во средното 445 долари, а во високото образование 626 долари.

„Споредено со просекот за плати во ОЕЦД кој изнесува 3.075 долари за наставниците во основно образование, а 3.384 долари во средно образование, нашите наставници земаат 2.681 долар помалку во основното и 2.393 во средното образование“, рече Јаневска.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ