Студентите во блокадата на новосадските факултети повикаа на нов генерален штрајк на 7 март, јавуваат српските медиуми.
Пред Министерството за образование во Белград денеска со почеток во 15:00 часот ќе се одржи четиричасовен протест на просветните работници од основните и средните училишта, како и на вработените во универзитетите. Протестот се одржува под слоганот „Вие сте одговорни! Од вас зависи!“, што е и пораката што просветарите ќе ја испратат до надлежните.
Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар во Нови Сад престана со работа, поради што синоќа беше откажана операта „Боем“.
Членовите на оркестарот молчејќи застанаа пред СНП. Тие носеа транспарент на кој пишуваше „Оркестарот на операта на СНП во суспензија“ и „Корупцијата убива“.
Д. Т.