Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ја поздрави иницијативата на партиите кои се дел од коалицијата ВЛЕН за спојување во една партија, но како што рече, до АА немало таква покана, но доколку има, Таравари рече дека ќе се разгледа, пренесе ТВ 21.
„Искрено, го слушнав г. Меџити сега додека доаѓав. Сме разговарале за спојување на ВЛЕН од јули минатата година и оттогаш оваа тема воопшто не е отворена. Драго ми е што се согласиле, Ветевендосје, ЛД, Алтернатива и Беса да се спојат и го поздравувам овој чин. Алијансата за Албанците ќе се обиде да соработува ако тие се спојат. До нас не стигнала покана, ако дојде поканата, ќе ја разгледаме“, рече Таравари.