• Latest

Теодоракис: Вселенскиот патријарх е решен да го реши црковното прашање со Скопје

June 6, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Теодоракис: Вселенскиот патријарх е решен да го реши црковното прашање со Скопје

June 6, 2018 12:51
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вселенскиот патријарх Вартоломеј интензивно работи во позадина и е решен да го затвори прашањето со црквата на Скопје, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за грчкото радио „Алфа 989“.

Првиот човек на централно-левичарската партија имал средба и разговор со Вартоломеј за време на посетата на Грција на вселенскиот патријарх, а една од темите било и прашањето со МПЦ.

– Го прашав патријархот што ќе биде со црквата на Скопје и ми рече дека се разгледува позитивно нивното барање да се вратат во канонски рамки, во суштина да го негираат нивното старо име кое што е црква на Македонија, оптимист е, но очигледно е дека постојат и пречки. Пречките се дека Србите не сакаат, Русите не сакаат, некои се обидуваат да го спречат тоа. Но, видов дека патријархот е решен, тој е паметен човек, работи интензивно во позадина за да нѐ ослободи од овој трн. Бидејќи ќе биде добро црквата на Скопје да се врати на име што нема да предизвикува тензии и ќе биде прва победа против иредентистичките политики, вели Теодоракис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Река изразува оптимизам за решение, коментира дека е во корист и на Грција да се постигне договор, затоа што „треба сите сериозно да се размисли дали можеби грчкото однесување го праќа Скопје во пакет кај Турците“.

– Во политиката не постои празнина. Ако Грција не ја пополни празнината, ако Грција не ја подаде раката кон нашите соседи, ако не им помогне да постојат како членови на европската заедница, јасно не говориме за денес, туку по многу години, да знаеме дека празнината ќе ја пополнат Турците. Прашањето е едно и кон оние кои што протестираат и кон оние што се резервирани: Дали сметаат дека Грција може да има турски фронт и на нејзината северна граница? Ова е прашањето. На ова треба да одговорат патриотите Грци, објаснува лидерот на Река.

Прашан за македонскиот јазик и македонскиот идентитет како дел од договорот, Теодоракис потсети дека „без да бидеме прашани, самоопределувањето е гарантирано право во Организацијата на обединетите нации“.

Во однос на тоа што треба да содржи договорот, Теодоракис вели дека за него е важно да не постојат иредентистички визии кон Грција од соседната земја, но и дека е „смешно Грците да се чувствуваат дека се под закана од Скопје“.

– Јас не се чувствувам дека сум под закана од Скопје. Ако некои се чувствуваат под закана, нека разговараат за тоа во нивното друштво, а веројатно и со нивниот доктор. Сметам дека Скопје не е закана за нас. Смешно е да си во Солун, на Халкидики, во Северна Грција, да си Грк Македонец и да се чувствуваш дека ти се заканува оваа држава што се обидува да застане на свои нозе. Оваа држава не ти се заканува, порача Теодоракис.

Лидерот на Река рече дека премиерот Заев е лидер со кој, Грција може да се договори, бидејќи е социјалдемократ и европски политичар. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ