На панел – дискусијата „Рампа – за (не) прифатеноста на лицата со попреченост во општеството“ Душан Томшиќ, посебен советник за социјална заштита во Министерството за труд и социјална политика се фокусираше на процесот на деинституционализација.
„Јас имам една своја перцепија на оваа тема. Често се вели дека народите што живеат на подрачје дека важиме за добри, приемчиви и гостољубиви народи. Јас не би се согласил. Ние сме добри народи само додега сме во состојба на никој ништо нешто да не му фали. Во ситуација кога нешто ќе се такво ќе се случи, ние сме затворен народ. Мислам дека и го покачуваме говорот на омраза, ароганцијата и стануваме многу дискриминтаорски народ. Тоа е она што треба да го промени нашата држава и на кое што ние треба да обрнеме внимание. Целиот процес на деинституционализација е и промена на свеста на луѓето… Во последно време слушам дека процесот на деиституционализација е избрзан, но јас не се согласувам. Доколку луѓето не излезат надвор и не почнат да живеат и да бидат дел од заедниците ние никогаш нема да бидеме подготвени тоа и да се случува. Самиот овој процес нè научи нас како администрација дека секое лице има своја индивидуална потреба и дека не може да правите колетивни сервиси што ќе одговараат на барањата на цела една зaедница“, беа дел од поентите на Томшиќ.
„Јас сметам дека градочалниците треба да ги пратат на обука лицата што работат во секторите за урбанизам во нивните општини, во насока на тоа, ако нешто се гради, се подготвува, да се внимaва на пристапноста, што е полесно да се прави во фаза на изградба, отколку во веќе постоечки објекти“, додаде Томшиќ.
Во панел -дискусијата „Рампа“, учествуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Благица Димитровска, Инклузива, Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попреченост, Вангел Тркаљанов од Министерство за труд и социјална политика и Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
обработка на текст: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети