• Latest
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите

March 25, 2025
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите

March 25, 2025 13:43
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Share on FacebookShare on Twitter

Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во земјата, кои по трагичниот пожар во Кочани, во изминатиот период го поставуваат прашањето: „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“, јави дописничката на МИА од Атина.

Трагедијата во Кочани ја отвори дискусијата за тоа колку во земјата се почитуваат и спроведуваат сите правила и прописи во дискотеките, медиумите анализираат што предвидуваат соодветните законски одредби за безбедност и противпожарна заштита, но и каква е реалната ситуација на терен, а паралелно од Министерството за цивилна заштита на Грција, во вторникот, на само два дена по пожарот, најавија спроведување вонредни контроли во ноќните клубови.

„То Вима“ пишува дека во околу 20 отсто од проверките што секоја година ги спроведуваат 800 службеници од Противпожарната служба во ноќните клубови и другите места за јавни собири, откриваат прекршувања во одржувањето на системите за гаснење пожар, во затворањето на системите за откривање пожар (тактика што ја следат сопствениците за да спречат активирање при пушење) и исклучување на светлата за означување на излези за итни случаи.

– Големата опасност од избувнување на опасен пожар во ноќните клубови и други места за јавни собири доаѓа главно од запаливи материјали за декорација, за реновирање на простори како дел од новата сезона или за планиран настан, кога не постои време за итни, теренски контроли од државните служби агенции. И секако од нелегалната употреба на пиротехника. Горенаведеното секако нè потсетува на неодамнешната трагедија во Северна Македонија, но проблем со употребата на пиротехника постои и кај нас. Употребата на пиротехника регуларно е дозволена само во театрите и тоа по соодветни инспекции и соодветна претходна пријава, пишува „То Вима“.

Дополнително се осврнува и на „евтината пиротехника“ која, како што пишува новинарот, нелегално во Грција се увезува од Бугарија и други балкански земји, но и на материјалите што се користат во ноќните клубови како што се лесно запалив декор, пена за звучна изолација, завеси и вештачки украси, што придонесуваат за побрзо ширење на пожарот што ги опкружува и ги заробува посетителите.

– Секогаш кога гледаш дека нешто се случува во твоето соседство, постои страв да не ти дојде и тебе дома, коментираше новинар од грчката телевизија „Скај“ во викенд изданието на информативна емисија во која со член на противпожарната служба на Грција не само што анализира што се случи во клубот „Пулс“ во Кочани, туку и што се случува и во грчките дискотеки.

Претседателот на Здружението на дипломирани пожарникари и подофицери во противпожарната служба на Грција, Андонис Кукузас, за „Скај“ објасни дека за клуб со капацитет од 1.500 лица задолжителни се пет јасно обележани излези на кои врати се отвораат кон надвор, но доста често во дискотеките се блокирани, со декор, со завеси и слично, но и додаде дека пиротехниката што се користи на торти и шишиња е забранета.

– Правилата за противпожарната заштита во Грција, во однос на местата за јавни собири се многу строги и се според европските модели, објасни Кукузас.

Само еден ден по трагедијата во Кочани, претседателот на службеници во Противпожарната служба на Грција Костас Цигас за државната телевизија ЕРТ коментираше дека „во ноќните клубови е забранета употреба на пиротехника независно од видот“ и нагласи дека „претставува опасен материјал кој може да предизвика палење на се што е во близина, без разлика дали е пластика или друг запалив материјал“.

Напомена дека многу клубови ги исполнуваат потребните предуслови кога добиваат лиценца за работа, а со тек на време се менува тоа, додека на граѓаните им препорача да бидат внимателни и дека сите треба да го „скенираат“ просторот каде што се наоѓаат за потенцијална опасност.

Она што се случи во „Пулс“, малку недостигаше да се случи во кафуле во Атина на крајот на ноември, откако беше предизвикан пожар од свеќи и пиротехника на роденденска торта, кои ги запалија новогодишните украси во внатрешноста на кафулето, како и елката поставена на таванот.

Пожарот што веднаш беше изгасен предизвикана паника меѓу лицата кои биле во кафулето, а во обид да го напуштат просторот биле скршени неколку прозорци, додека шест лица се здобија со полесни повреди и беа пренесени во болница.

Од Министерството за цивилна заштита на Грција минатиот вторник соопштија дека во вториот квартал од 2025 година ќе се спроведат и вонредни контроли во ноќни клубови и простори каде што има собири на луѓе, а во текот на 2024 година, биле извршени вкупно 2.543 проверки на објекти кои се користат за јавни собири и биле констатирани 595 пропусти – забелешки, а изречени се 215 административни казни за вкупен износ од 248.522 евра.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ