• Latest

Трајкова: Општина Велес не може да се пофали со транспарентност

July 18, 2019
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – има ли пилот во авионот?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Трајкова: Општина Велес не може да се пофали со транспарентност

Координаторката на советничката група на Општина Велес во однос на транспарентоност на Општината упати забелешка дека кварталните извештаи, ребалансите, извештаите на сите јавни претпријатија што се под ингеренции на Општината и слични документи не се ставаат на веб страницата

July 18, 2019 12:34
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Транспарентноста и одговорните политики, особено на локално ниво, се секогаш важни за граѓанките и граѓаните затоа што директно влијаат на нивниот животен и економски стандард. Но, како и секогаш доброто владеење и транспарентна и одговорна локална власт не секогаш е она за што гласале или на што се надевале.

Зборувајќи на овие теми во Велес, ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот Аце Коцевски кој најодговорно потврди дека општината е една од најтранспарентните со оглед во каква состојба ја затекнал од претходната власт. Сепак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на општинско ниво има низа забелешки.

„Кога би зборувале за транспарентност на Општината, за почеток седниците на Советот во текот на оваа локална власт, во период од две години воопшто не беа пренесувани никаде. Со опремата што се доби со проект со кој аплицираше уште претходната локална власт. Сега одат седниците на сајтот и Youtube каналот на општината, меѓутоа повозрасното население како би ги гледало седниците? Тие се пренесуваа на локален медиум и тогаш се следеа и им беа достапни повеќе податоци отколку што тоа сега се случува. По бројот на прегледите може да се види дека не е некоја голема бројка која ги следи на интернет“, изјави Нада Трајкова, координаторка на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес.

Таа најде замерка дека кварталните извештаи, ребалансите, извештаите на сите јавни претпријатија што се под ингеренции  на Општината и слични документи не се ставаат на веб страницата на Општината.

„Планот за јавни набавки, ако веќе оди на Бирото за јавни набавки, мислам дека воопшто не е тешко да се преземе и да стави на сајтот на Општината и нема никаква штета, бидејќи не секој знае да отвори на Бирото и да има увид какви набавки спровела Општината, што се предвидува со планот, колкава е вредноста на набавките и дали се реализираат. Урбните и месните заедници се основна клетка на граѓаните каде што можат да ги кажат своите приоритети, а тие веќе две години немаат претседатели. И ако тие не функционираат, тогаш какви приоритети ние решаваме? Јавните расправи на Општината само за програмите се одржуваат меѓутоа се многу слабо посетени што значи дека информираноста и транспарентност и во тој дел е слаба“, истакна Трајкова.

Што се однесува до јавните расправи, градоначалникот Коцевски се пофали дека соработката со граѓанскиот сектор е на високо ниво кога станува збор токму за овој сегмент од работата за разни теми и прашања.

Трајкова смета дека Советот на Општината би требало да има големо влијание, но советничките групи имаат разлика во бројот на советници и број на гласови, па не секогаш се донесуваат одлуки со кои се согласува опозицијата.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Фотографија: Маја Ивнаовска

Share290TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ