• Latest

Царовска: Во консултација со локалните бизниси продолжуваме да креираме успешни активни мерки за вработување за 2020

October 3, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Во консултација со локалните бизниси продолжуваме да креираме успешни активни мерки за вработување за 2020

October 3, 2019 14:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите чинители денеска во Тетово на регионален состанок почнаа широка консултација за новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. Конкретните предлозите се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален совет како и од членовите на Стопанската комора на северозападна Макадонија и останатите стопански комори.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги повика стопанствениците од Тетово Гостивар, Кичево и Струга да ги дадат своите сугести за потребите на пазарот на труд.

„Сметам дека овој тип на дебати на локално ниво се клучни. Мерките се успешни кога се креираат на локално ниво и за тоа имаме позитивем пример од минатата година. Во западниот регион во 2018 година имавме околу 700 вработувања преку оперативниот план, а до септември 2019 околу 500 вработувања. Верувам дека со добро планирање и сугестиите што ќе ги добиеме од бизнис секторот можеме да го зголемиме бројот на вработенени што ќе биде во интерес на сите. И на бизнисот, и на граѓаните и на државата“, рече Царовска.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја поздави идејата за организирање на регионалните состаноци, бидејќи тоа ќе овозможи креирање на поквалитетни политики за вработување и развој на бизнисите на локално ниво.

„Целта на организирањето на регионалните состаноци е директно да се слушнат предлозите, но и проблемите на локалните бизниси и новите мерки коишти ги финасира Владата. Сакам да споделам некои искуства од овие години. Како градоначалничка се сретнав со над 19.000 граѓани и е да бидат 85% од нив бараа вработување, затоа сметам дека дијалогот е многу важен за креирањето на успешните политики кои ќе ја ностат државата напред“, рече Арифи.

Директорката за Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Билјана Јовановска истакна дека улогата на АВРСМ, е да биде вистински сервиз за невработените, но и за бизнис заедницата.

„Во 2019 година имаме успешна реалзиација на ОП од високи над 90 проценти, и за тоа сме заслужни сите. Целта ни е да направиме добра координацоија меѓу побарувањата на бизнисот и на пазарот на трудот. Во моментот во овој регион се вршат на 1.700 лица. Договори за самовработување имаме над 1.000 лица, 220 се субвенционирани вработувања, 110 вработувања се субвенционирани за раст и развој на работодавачаот. Во овој регион имаше голем интерес за практикантвото. Имаме околу 400 потпишани договори за практикантво. 130 лица добија сертификати за побарувани занаети. Ние можеме повеќе и затоа заедно ќе ги креираме новите мерки“, рече Јовановска.

Денешната средба во Тетово беше органиизрана со поддршка на проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог , кој го финасира ЕУ за го спроведува Меѓународната организација на трудот. Министерството за труд и социјална политика ќе организира уште три регионални настани во Скопје, Струмица и Битола.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ