ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, која ги набљудува изборните процеси од 2008 година, пред почетокот на изборниот молк, на социјалните мрежи упати порака до своите 314 набљудувачи:
„Драги колешки и колеги, краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. На полноќ започнува изборниот молк, а со тоа и вашиот мониторинг на големото финале на изборниот процес.
Како што е договорено на обуките, секој набљудувач на ЦИВИЛ ги почитува законите и Уставот на РСМ, Кодексот за набљудување и Изборниот законик, како и основните принципи на ексклузивност и непристрасност.
Секој набљудувач на ЦИВИЛ е мобилен.
Секој од нас мора максимално да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.
Погледнете ги уште еднаш насоките што ги испративме овие денови, а ако сакате да се потсетите на категориите на нерегуларности кои ги набљудуваме, кликнете на линкот.
За секое прашање, јавете се на еден од телефонските броеви што се во вашите материјали.“