• Latest
Фото: promoteukraine.org

Украина бара од Северна Македонија да се приклучи кон економските санкции на ЕУ кон Русија

February 14, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Украина бара од Северна Македонија да се приклучи кон економските санкции на ЕУ кон Русија

February 14, 2022 13:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: promoteukraine.org

Фото: promoteukraine.org

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук на панел-дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, која се одржа на 9 февруари, изјави дека Украина очекува јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателска Северна Македонија во однос на конфликтот меѓу Русија и Украина, но и нашата земја да се приклучи на економските санкции кон Русија што беа воведени од Европската Унија (ЕУ) во 2014 година, по нелегалната руска анексија на полуостровот Крим, пренесува новинската агенција МЕта.мк.

 Политичка поддршка од земјава кон Украина има

„Очекуваме приклучување кон санкциите на Европската Унија. Не може да се седи на две столчиња. Има моменти во животот кога треба сам да се одлучиш, пред сè, на која страна од барикадата си. Украинците имаат многу убедливо негативно искуство со неутралноста. Ако одиме во Европската Унија и НАТО, ако сме дел од европските вредности, тогаш тоа го демонстрираме не само со зборови, туку и со нашите постапки и дела“, рече украинската амбасадорка Задорожњук.

Во однос на политичката поддршка, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на 31 јануари годинава на средбата со рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин го повтори ставот дека Северна Македонија ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници.

Политичката поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет неколку дена подоцна пристигна и од премиерот Димитар Ковачевски, кој на 3 февруари годинава се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина, транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници“, изјави премиерот Ковачевски.

Економски санкции од земјава кон Русија нема

Сепак, земјава со години наназад се нема приклучено на санкциите коишто ги воведе Европската Унија по руската нелегална анексија на полуостровот Крим, којшто се наоѓа на украинска територија. Македонија во 2014 година не се приклучила кон санкциите на ЕУ по анексијата на Крим и оттогаш немаме донесено нова одлука, а кон крајот на 2020 година на оваа тема пишуваше Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Поранешниот премиер Зоран Заев во изјава дадена на 30 декември 2020 година објасни дека Северна Македонија не се приклучила кон санкциите на ЕУ кон Русија, затоа што земјава има сериозен интерес за економска соработка со Русија.

„Ние сме земја кандидат за членство во ЕУ, но не сме членка. Интерес е на граѓаните и државата, ако нешто не мораме, да не го правиме. И затоа покрај сето она што го наведов, ние се немаме приклучено кон економските мерки кон Русија, затоа што имаме сериозен интерес за економска соработка со Русија. Ние сме земја членка на НАТО и за нас нема алтернатива за ЕУ, но нашата земја има интерес да биде пријател со остатокот од светот“, изјави тогаш премиерот Заев.

Тој дополни дека земјава од 2016 година се има придружено кон сите изјави, декларации, мерки и санкции усвоени од страна на ЕУ, вклучително и оние против руски државјани и правни лица. Стапката на приклучување на Република Северна Македонија кон ставовите, мерките и декларациите на ЕУ, односно усогласеноста со нив кон крајот на 2020 година била 94 проценти, а до 2016 година била 74 проценти.

Извозот кон Русија намален, увозот расте

Од друга страна, според последните податоци на Државниот завод за статистика за стоковната размена со странство во периодот од јануари до декември 2021 година, Руската Федерација се наоѓа на 20-тата позиција меѓу земјите со кои Северна Македонија имала најголем обем на размена на стоки. Вкупниот обем на размена лани изнесувал 233.507.000 американски долари и е зголемен за 12,4 отсто во споредба со 2020 година.

Притоа, извозот на Северна Македонија кон Руската Федерација лани изнесувал 57.140.000 американски долари и тој е намален за 5,4 отсто во однос на 2020 година, додека од Русија во 2021 година сме увезле стоки во вредност од 176.367.000 долари и ова претставува зголемување од 19,7 отсто во споредба со јануари-декември 2020 година.

Санкциите на ЕУ во сила речиси 8 години

Инаку, Европската Унија, заедно со САД, веднаш по нелегалната руска анексија на полуостровот Крим воведоа санкции кон Русија во 2014 година. Според последното соопштение на Европскиот Совет од 13 јануари 2022 година, ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија до 31 јули 2022 година. При досегашните продолжувања, ЕУ често додава и нови мерки кон Русија.

Санкциите на ЕУ кон Русија вклучуваат ограничување на пристапот до примарните и секундарните пазари на капитал на ЕУ за одредени руски банки и компании, како и забрана на форми за финансиска помош и посредување кон руски финансиски институции. Санкциите забрануваат и директен или индиректен извоз, увоз или пренос на материјали поврзани со одбраната, но и ограничување на рускиот пристап до одредени чувствителни технологии кои можат да се користат во рускиот енергетски сектор, на пример, во производството и истражувањето на нафта, како и серија на други економски санкции на ЕУ кон Русија.

Воедно, преземените мерки од ЕУ кон Русија во однос на територијалниот интегритет на Украина во моментов се воведени кон 185 лица и 48 субјекти. Во однос на лицата, тие подлежат на замрзнување на имотот, вклучувајќи и забрана за располагање на средства, како и забрана за патување, што ги спречува лицата да влезат или да транзитираат преку земји-членки на ЕУ, се наведува на веб-страницата на Европскиот Совет.

Покрај примената од земјите-членки на ЕУ, воведените санкции на ЕУ кон Русија поради анексијата на Крим ги поддржаа и Црна Гора и Албанија како кандидатки за членство во ЕУ, но не и Северна Македонија и Србија. Според соопштението на Европскиот Совет од 27 јули 2021 година, санкциите кои беа продолжени до летото 2022 година ги поддржале Црна Гора и Албанија, заедно со Грузија и Норвешка. Инаку, земјите-кандидати за членство на ЕУ немаат обврска да ја применуваат во потполност европската регулатива пред да постанат и официјално членки на Унијата.

С. Македонија нема политички интереси слични на Србија

Сепак, во случајот со Србија, актуелното раководство во Белград преку претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ во јуни 2021 година рече дека Србија никогаш нема да воведе санкции против „својот пријател Русија“, а ЕУОбсервер го пренесува неговиот став и ставот на српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ дека Русија ја дава најголемата поддршка на Србија во зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет во однос на Косово. Сепак, за разлика од Србија која што бара помоќен сојузник од неа во решавањето на долгогодишниот спор со Косово, Северна Македонија во моментов нема ваков политички интерес од Русија.

За разлика од Северна Македонија, руското влијание во енергетскиот сектор во Србија е многу поприсутно. Нафтената индустрија Србија (НИС), еден од најголемите српски извозници, е во доминантна сопственост на руската компанија „Газпром њефт“ (Газпром нефть) откако 51 отсто од акциите беа продадени во 2008 година. Радио Слободна Европа на српски јазик пишува дека осма година по ред НИС не може да зема кредити од западните банки, но проблем е и набавката на опрема од производителите од ЕУ и САД. Причина за ова не се само воведените економски санкции на ЕУ кон Русија, туку и фактот што руската државна компанија „Газпром њефт“, која е сопственик на НИС, е вметната на црната листа на субјекти од ЕУ и САД по нелегалната анексија на Крим од страна на Русија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ