„Уште една лажна вест! Шетам низ парк и гледам објава во Република, герила акција ја реконструирале Школка. Школка на 50м од мене. Стигам таму, Школка, реконструирана за прв пат после не знам колку години од град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, спремна за уште многу културно-забавни настани.
А Република, Инфомакс, Курур, остануваат на дното. Да бидат гнојот во новинарството и медиумите.“, пишува Круме Смилков на неговиот Фејсбук профил.
„Млади за Македонија“ денеска на својата Фејсбук страница ја поставија фотографијата на која се гледа како на Школка во Градскиот парк е нацртано знамето од Кутлеш, а таа вест ја споделија неколку медиуми.
А. П.












