Конкурсот за пријавување на заинтересираните краткорочни и долгорочни набљудувачи на ЦИВИЛ за претстојните претседателски избори завршува на утре (6 март) во 17 часот.
Предност за учество на овој конкурс имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.
ЦИВИЛ Тим за комуникации