• Latest

Високи бонуси, низок морал во СЈО

November 27, 2019
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Високи бонуси, низок морал во СЈО

Високи додатоци и надоместоци освен за обвинителите, биле исплаќани и за низа надворешни соработници, како што покажаа податоците од владината алатка за транспарентност во јавното трошење „Отворени финансии“.

November 27, 2019 10:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство од вчера почна предистражна постапка во врска со високите надоместоци за доверливост од десетици илјади евра што им биле исплатувани на обвинителите од замрзнатото Специјално јавно обвинителство. Високи додатоци и надоместоци освен за обвинителите, биле исплаќани и за низа надворешни соработници, како што покажаа податоците од владината алатка за транспарентност во јавното трошење „Отворени финансии“.

– Станува збор за претходна постапка. Истражителите по налог на Јавното обвинителство се во просториите на СЈО за да обезбедат финансиски документи – велат од ЈО за „Слободен печат“.

Оттаму не одговорија подетално во кој дел од исплатата на надоместоците за доверливост евентуално е направено кривично дело, затоа што според Законот за СЈО, обвинителите имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост, а висината на додатоците ги одредува специјалниот јавен обвинител.

Јавноста не реагираше на фактот дека се исплатувани додатоци, туку за нивната висина, по што следуваа барања обвинителите да ги вратат парите. Според базата на податоци „Отворени финансии“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за четири години добила надоместоци од вкупно 157 илјади евра, а останатите обвинители од СЈО добиле од 80.000 до 100.000 евра, надвор од редовната плата. Најголем дел од дополнителните 157.000 евра Јанева ги добила како додаток за доверливост, да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела надвор од градот во кој живее.

Премиерот Зоран Заев завчера искажа сомнеж дека навистина биле толкави додатоците на обвинителите од СЈО и го повика Јавното обвинителство да обезбеди точни и јавни информации од институциите и да ги сподели со јавноста. Тој рече дека за Јанева има истрага, но е некоректно да се оцрнуваат и другите обвинители од СЈО без да се дознаат точно сите детали.

Обвинители од СЈО за порталот „Слободен печат“ изјавија дека документот за доверливост што своевремено го потпишале, е базиран врз Законот за Специјалното јавно обвинителство.

– Нас тој многу нè обврзува од професионална гледна точка и во него нема ништо незаконски. Одредени медиуми малку ги имаат „напумпано“ сумите што ни биле исплаќани. Но, и тој надоместок бил согласно законот и ние сите обвинители немаме причина да се плашиме од каква било истрага по тој однос бидејќи ние ништо незаконски не сме сториле – вели еден од обвинителите од поранешното СЈО.

Извори од СЈО за „Дојче веле“ објасниле дека сите обвинители имале договор за доверливост со СЈО и добивале паричен износ за почитување и исполнување на тој договор, во зависност од типот на прислушувани разговори со кои имале допир. Висината на тие надоместоци со одлука ја определувал Специјалниот јавен обвинител и тие не биле повисоки од истиот тип надоместоци што ги примале специјалните обвинители во соседните земји. При определување на висината на надоместоците, улога имало и потенцијалната опасност на која беа изложени специјалните обвинители и сите вработени при извршувањето на нивната функција. Според нив, специјалните обвинители примале по 21.500 евра годишно за доверливост и доколку Јавното обвинителство смета дека со потпишување на ваквите договори и примањето на платите и надоместоците е повреден каков било пропис, биле подготвени веднаш да поднесат оставки.

Повеќе институции деновиве најавија дека ќе помогнат во евентуалната истрага за високите надоместоци во СЈО доколку Јавното обвинителство отвори истражна постапка – Управата за јавни приходи, финансиската полиција, Антикорупциската комисија, Државниот правобранител итн.

Според Законот за СЈО, член 14, платата на специјалниот јавен обвинител е определена во висина од 10 отсто пониска од платата на државниот јавен обвинител, а платите на другите обвинители во СЈО се во висина на платите на обвинителите во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителите во СЈО имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост. Право на надоместок за висок ризик и додаток за доверливост имаат и обвинителите од редовните ЈО.

Стотици на платниот список на СЈО

Според базата „Отворени финансии“ во кои е наведено трошењето на буџетските пари од 2010 година до денес, еден од поголемите хонорари од СЈО во последните четири години му бил исплатен на командантот на „Алфите“ Примислав Димовски, кој добил 40 илјади евра. Медиумот МКД објави дека на платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, кој за три години за хонорар од СЈО добил 33.000 евра.

Од државните службеници се јавува името на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, кој за две години добил 26.000 евра.

На хонорарната листа на СЈО биле и три ќерки на државни службеници – Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, директор на затворот во Шутка, добила 20 илјади евра, Марија Василевска, ќерка на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, за две години од СЈО добила хонорар од 14.000 евра, а на списокот е и Катерина Тунџева, ќерка на директорот на Катастар, Борис Тунџев.

Хонорар од 30.000 евра добила и Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката во СЈО, Елизабета Јосифоска. Новинарот Сашо Орданоски лани добил 4.000 евра. Засега нема информации за основата на овие исплати.

преземено од Слободен Печат 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ