• Latest

Власта за избори на 21 јуни, опозицијата против

May 23, 2020

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Власта за избори на 21 јуни, опозицијата против

May 23, 2020 09:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е од редовите на СДСМ, смета дека парлементарните избори треба да се одржат за 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, нагласувајќи дека доколку имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, предупреди дека избори не можат да се одржат пред 30 јули.

-Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Ако имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Очекувам дека во рамките на законската можност ќе имаме дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден на одржување на изборите, затоа што тоа е добро за државата, истакна Спасовски.

Мицкоски вчера предупреди дека дел од антикризните мерките од вториот и од третиот сет нема да можат да бидат реализирани доколку не биде продолжена вонредната состојба на 30 мај бидејќи потоа стапува во сила членот 8а од Изборниот законик, и сите вонредни исплаќања се кривично дело.

– Ако е Владата чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача тогаш избори не може да се случат шеесет дена од престанокот на воонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на раговорите за парламентарните избори, Мицкоски рече дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.

-Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа, рече лидерот на опозицијата Мицкоски.

Не ги потврди информациите дека разговори има со посредство на претставници на меѓународната заедница.

– Јас немам такви информации дека има какви било мешања на претставници на меѓународната заедница во Македонија, така што претпоставувам дека и ова е еден дел од оној фоклор на шпекулации и дезинформации кои се присутни во јавноста, рече Мицкоски.

Тој вети дека по завршување на парламентарните избори, „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни сето она што било ветено како обврска за стопанството и граѓаните од страна на Владата на СДСМ“.

Според него, опозоциската партија има јасен пристап и стратегија како да се обнови државата после коронакризата.

Од СДСМ соопштија дека потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот на есен, за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот. Со нов легитимитет од граѓаните, политичка Влада и Собрание.

– Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза. СДСМ тоа нема да го дозволи. СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни, велат од партијата.

Вицепремиерот Бујар Османи, како претставник на политичката партија ДУИ, истакна дека тие биле единствени што не ја оцениле лидерската кај претседателот како неуспех и дека за нив тоа било почеток на дебатата за конзензус за изборите. Тоа го покажале со тоа што не отишле со вкалкулирана дата за изборите, бидејќи според нив, треба два фактора да се исполнат, а тоа е ниту еден процес да не го загрози здравјето на граѓаните и второ да се постигне консензус за изборите.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека подобро е изборите да се одржат сега, отколку наесен поради тоа што во моментов постои поголема контрола врз коронавирусот.

-Сега ситуацијата за избори е поволна затоа што повеќе е под контрола отколку наесен, сега се присутни ефектите од рестрикциите од движењето, карантинот и не работат училиштата, градинките, а затворени се и границите. Сите овие три фактори надополнети со тоа што наесен би можело да значи една епидемија од сезонски грип, може значително да ја комплицира ситуацијата и такви се предвидувањата и на СЗО и на други земји, истакна Филипче и нагласи дека доколку се почитуваат мерките, изборите можат безбедно да се одржат.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ