Универзитетската профеорка Гордана Силјановска Давкова ќе биде носителна пратеничката листа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, а оперскиот пејач Игор Дурловски во петта ИЕ. Покрај овие две натпартиски решенија Централниот комитет вечерва утврдил носители на изборни листи во ИЕ 2 да биде партискиот потпретседател Владо Мисјаловски.
Христијан Мицксоски по седницата на ЦК информираше дека над 95 проценти од кандидатите првпат се на листите. На сцена, како што рече, даваат шанси на нови кадри.
Мицкоски нема да биде носител во ниту една изборна единица, а на листите ги нема и досегашните пратеници Илија Димовски и Влатко Ѓорчев.
Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски ќе биде носител во втората изборна единица, во третата ИЗ генералниот секретар Игор Јанушев, поранешниот пратеник Александар Николовски во четвртата, во петтата изборна единица носител ќе биде Игор Дурловски, а во шестата носител ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.
– ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција, рече Мицкоски.
Засега остануваат на планот утре во 13 часот за потпишување на коалицијата, како и за конвенција во Филхармонијата на која ќе бидат промовирани кандидатите за пратеници.
Кандидатските листи на политичките партии треба да се поднесат до ДИК најдоцна до 12 март.