Најмалку десет луѓе повредени во вчерашниот напад со нож во метро во Токио. Напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор.
Еден од патниците е тешко повреден. Некои од повредените се прободени со нож, а некои се повредиле при обидот да избегаат од напаѓачот.
Како што пренесуваат јапонските медиуми, осомничениот доброволно се предал, откривајќи му на вработениот во една продавница што направил, кој пак веднаш повикал полиција. По нападот, напаѓачот при бегството го оставил ножот и мобилниот телефон во возот.
Според новинската агенција Кјодо, напаѓачот, исто така, се обидел да подметне и пожар во вагонот. Триесет и шестгодишниот маж истурил сончогледово масло во возот и се обидел да го запали. Подоцна, при неговото апсење, кај него биле пронајдени шише со масло и запалка. За време на сослушувањето во полиција, напаѓачот го објаснил својот план, го избрал возот бидејќи во затворен простор би имало повеќе жртви./ МИА










