• Latest

Во обид за политички профит во Крушопек, Чулев и ДПМНЕ со мега скандалозна утка

February 22, 2020
Фото: Скриншот од фајсбук

(ВИДЕО) Масовните анти-Трамп протести „NO KINGS“ на социјалните мрежи

June 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Руските агресори однесоа 50 украински деца од окупираниот дел на Луганск во „рехабилитационен“ камп во далечната Калмикија

June 15, 2025
Фото: Nicolas_Sarkozy_(50263923671)]] wikimediacommons

На поранешниот француски претседател Саркози му е одземен орденот „Легија на честа“

June 15, 2025
Фото: Фромтлајн

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025
Made with AI support (ChatGPT & DALL·E by OpenAI), in collaboration with Civil Media.

Власта го помина Рубиконот

June 15, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Европа не одлучила што да прави ако САД се повлечат

June 15, 2025
Мелиса Хортман, убиена на 14 јуни 2025, дава изјави за медиумите откако стана претседателка на Претставничкиот дом на Минесота (фото извор: Wikimedia)

ФБИ во „лов“ на атентаторот на демократската пратеничка во Минесота

June 15, 2025
No kings - протести во САД (фото извор: FB / Meanwhile in Ukraine)

„Не за кралеви“ – протести во САД со „вкус“ на украинскиот отпор

June 15, 2025
Фотомонтажа: Скриншот од видео на The Guardian

Протести против Трамп ширум САД додека претседателот присуствуваше на воена парада

June 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Во обид за политички профит во Крушопек, Чулев и ДПМНЕ со мега скандалозна утка

Висока е веројатноста дека Чулев попречил истрага со меѓународни размери, со предвремено откривање информации, за на крајот да испадне дека ниту една информација што ја откри не е точна. За да не остане скандалот само во рацете на Чулев, се вмеша и неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ.

February 22, 2020 13:41
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ

Министерот за Внатрешни Работи, Наќе Чулев, ризикува да се изложи пред еден голем внатрешен и меѓународен скандал, поврзан со „големата акција“ против група наркодилери. Во брзање политички да профитира, министерот Чулев на неговата прес конференција, ден по акцијата, со максимална сигурност тврдеше дека крајната дестинација била нашата земја, односно селото Крушопек, а меѓу другото зборуваше и за активности за перење пари со учество на фирми кои, според него, профитираат од трговијата со дрога.

Накратко, Чулев остави впечаток дека е сигурен во тоа дека фирмата е нарачател на кокаинот чија количина, на крајот, излезе дека не е 1,3 тони (илјада и триста килограми), туку само еден килограм!

На прес конференцијата што ја свика самиот, Чулев се обиде овој случај да го поврзе и со СДСМ, односно да прикаже дека открил голем скандал поврзан со владејачката партија. Реално, со својата медиумска акробација, изгледа дека министерот Чулев успеа само да предизвика тежок скандал.

Висока е веројатноста дека Чулев попречил истрага со меѓународни размери, со предвремено откривање информации, за на крајот да испадне дека ниту една информација што ја откри не е точна. За да не остане скандалот само во рацете на Чулев, се вмеша и неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународната полициска акција „заглави“ кај Чулев…

„Власта на Заев и криминалот се во коалиција. Последна потврда за тоа е информацијата дека лицата кои шверцувале кокаин од Мексико добивале и државни тендери“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Во истата изјава, во која ѝ се „суди“ на фирмата како криминална, ДПМНЕ обвинуваат и за поврзаност на наводниот криминал со СДСМ.

„Криминалот расцвета со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Наркокартелите владеат, не само со подземјето и улиците, туку и со цела држава“, рече, меѓу другото, Ѓорѓиевски.

Истиот ден, од четворицата уапсени во „големата акција“ на МВР во Крушопек, двајца се целосно ослободени, за сопственикот се побара притвор, а за четврто осомничениот, само мерка обезбедување присуство.

Според некои навестувања во медиумите, постои голема можност сите осомничени да бидат ослободени, а на крајот и да се докаже дека фирмата за трговија со овошје и зеленчук не била воопшто вмешана во трговија со дрога, туку тие, исто како и словенечката фирма, која е главен дистрибутер, да биле злоупотребени преку подметнување на кокаин во нивните пратки од страна на реалните дилери кои сѐ уште се, барем официјално, далеку од органите на прогонот.

КРАЈНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА КОКАИНОТ БИЛА СЛОВЕНИЈА, А НЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Албанските медиуми и албанскиот истражувачки новинар Артан Хоџа, кој во Албанија важи за еден од најдобрите истражувачки новинари, повикувајќи се на негови извори во истрагата, тврди дека крајната дестинација на кокаинот била Словенија, а не Северна Македонија. Според него, најголемата количина од 1.3 тони кокаин е запленета уште во пристаништето во Италија, а на контејнерот е оставен само едно килограм со ГПС, за да се следи до каде ќе стигне пратката. Сето тоа е спроведено од италијанските безбедносни служби во длабока тајност.

Банани…

Според Хоџа, контејнерот стигнал во пристаништето Бар во Црна Гора и таму бил оставен неколку дена, но никој не дошол по него. Тој тврди дека нарко дилерите кои го организирале транспортот на дрога, преку бродот кој носел банани, се посомневале дека можеби биле откриени и намерно не го земале контејнерот.

Заради овие сомнежи, според Хоџа, на крајот била сменета релацијата и контејнерот со дрога во бананите била испратена за Северна Македонија, односно до компанијата која нарачала банани од истиот словенечки увозник кој е дистрибутер за Балканот. Целта на криумчарите, според него, била да се дефокусира црногорската и албанската полиција кои, во соработка со американската ДЕА и италијанската полиција, имале задача да ја следат пратката до финалната дестинација. „Пратката“ прво била следена физички од полицијата на Црна Гора, а во следната етапа се „залепиле“ и албанските полицајци. Пратката била следена со автомобил.

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ БАНАНИ ОД КОЛУМБИЈА, ПРЕКУ СЛОВЕНИЈА? 

На информациите објавени во медиумите во Албанија, АБЦ Њуз и Топ Чанел се надоврзуваат и други информации до кои стигнавме со нашето истражување. Трговци кои увезувале или тргувале со банани и друго овошје, кои сакаа да останат анонимни, ни ја објаснија целата рута и процедура според која, на крајот, испаѓа дека крајниот нарачател нема никаква врска или право на избор на контејнерот и дека е многу лесно да се подметне контејнер во кој има и дрога.

Од Колумбија доаѓа голем брод со стотина контејнери со банани за Европа, а потоа тие завршуваат во Италија или Шпанија. Во конкретниот случај, стигнале во Италија и од таму, со контејнерите за Балканот, се товараат на друг брод наменет за целиот Балкан. Овој брод пристигнува во Црна Гора затоа што пратките со банани одат само до пристаништето во Бар. Тоа е пристаништето од каде што се истовараат бродовите со овошјето, од каде што потоа се дистрибуира низ сите балкански земји.

Италијанско карго пристаниште

Последниот нарачател, фирмата од Крушопек, од нашиот пазар испорачувала банани од словенечка фирма која, пак, е увозник за цел Балкан, а има претставништво и во Црна Гора, каде се очекува залихата. Исто така, нашите фирми бираат и превозник, честопати од Црна Гора, Србија или Албанија, кои вршат само превоз со нивни камиони.

Локалната компанија во Северна Македонија може да бира, според цена и услови, кој ќе го носи контејнерот, што е веќе во магацините во Црна Гора, само откако се истоварени од брод во пристаништето на Бар.

Значи, фирмите од Северна Македонија само нарачуваат банани од словенечката компанија и превозник од фирмите кои нудат такви услуги. Во ниту еден случај, компанијата не го бира контејнерот конкретно, туку одредува само колкава количина му треба. Службите таму во магацинот го качуваат контејнерот кој е на ред или по други правила, но главно, крајниот нарачател нема поим кој контејнер ќе му стигне, објаснува за нашата редакција еден од трговците кој инсистира да остане анонимен. Истата информација ја проверивме и со други трговци кои потврдија дека крајниот нарачател никогаш не знае кој контејнер му стигнува.

Според овие информации и информациите до кои стигнале медиумите во Албанија, расте сомнежот дека криминалната група која подметнала дрога во пакувањата со банани од првата локација, нема врска со крајниот нарачател на бананите во Крушопек и истиот бил избран само за дефокусирање на полицијата од нивниот терен.

Наќе Чулев

ПРВА АКЦИЈА КАДЕ СЕ НАОЃА ДРОГА, А НЕ И ОРУЖЈЕ ИЛИ ДРУГИ НЕДОЗВОЛЕНИ СРЕДСТВА

Познавачи на безбедноста и борбата против криминалот истакнуваат уште еден факт кој ја зголемува можноста фирмата во Крушопек да била избрана само за заблуда на полицијата. Тие потсетуваат дека акцијата во Крушопек е прва каде се наоѓа дрога и тоа само еден килограм, а се трагало по еден тон и триста килограми, а притоа не се наоѓаат ниту вооружени криминалци, ниту оружје или, како што велат, барем еден куршум.

За разлика од овој случај, практично сите акции во кои се открива дрога, секогаш се пронаоѓа и оружје, а лицата што биле на местото на настанот вообичаено се луѓе со криминално досие кои ја обезбедуваат пратката. Крушопек е единственото место каде што полицијата не нашла ниту оружје, ниту отпор, а на лице место само возачот, еден работник за товар и синот на сопственикот на фирмата. Уште почуден е и фактот што сопственикот на фирмата пристигнал со задоцнување, сред полициска акција, што, според познавачите во оваа сфера, не доликува на однесување на криминалец.

Друг факт до кој дојдовме, а е во спротивност со наводите на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на министерот Наќе Чулев, дека се работи за перење пари од дрога, е фактот за фирмата од Крушопек, која во своето 20-годишно работење немала ниту еден случај на судир со законот, ни од технички, ни од даночен аспект. Ниту, пак, сопствениците имаат полициско или криминално досие.

Ова е тежок скандал со многу комични ситуации. Расплетот допрва следи.


Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    491 shares
    Share 196 Tweet 123
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    220 shares
    Share 88 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ