Обвинителите, стручната и административно-техничка служба сè уште не ја добиле септемвриската плата од СЈО, јавува А1он, но не се знае дали воопшто ќе ја добијат.
Неколку вработени во СЈО сакале доброволно да си заминат, но и во тоа се блокирани, бидејќи нема потписник на решенијата за прекин на нивниот работен однос.
„Пратен е во Собрание и очекуваме да се стави на седница. Со законот републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределбата на вработените, да потпишува плата или практично да го менува специјалниот јавен обвинител со сите овластувања во однос на вработените“, одговорија од Министерството за правда за „А1он“.