• Latest

Во Велес панел дискусија за заштита на животната средина и подобрување на земјоделството

September 1, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Велес панел дискусија за заштита на животната средина и подобрување на земјоделството

September 1, 2018 10:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на ЕУ во Македонија синоќа во Велес ја одржа првата од најавените повеќе панел дискусии со граѓаните низ градовите во земјава.

Амбасадорот на ЕУ Семуел Жбогар пред присутните појасни дека ги организираат овие панел дискусии со две причини, а првата е да разговараат со граѓаните во врска со ЕУ.

– Втората причина мислам дека е поважна бидејќи ние како ЕУ сакаме да ве сослушаме вас како граѓани на Македонија, вашите коментари и полемики, вашите прашања во врска со состојбите во вашите општини и што е тоа што вас ве засега. Имајќи во предвид дека ние како ЕУ обрнуваме огромно внимание на животната средина и свесни сме за тоа, токму заради како главна тема на расправа во Велес одбравме тоа да биде животната средина. Ние како ЕУ сме свесни дека тоа е многу актуелно прашање од големо значење на Општина Велес, потенцира Жбогар.

Само кога сте обединети сте посилни, потенцира Жбогар одговарајќи на прашањето што прави ЕУ за своите членки односно граѓани.

– Можете да направите далеку повеќе отколку кога сте сами. Сега кога во светот има немирни води и бури и во такви времиња е подобро да се биде на крузер отколку на мал брод или чамец и кога сте дел од едно големо семејство тогаш сте посилни и позаштитени отколку кога сте сами со себе, потенцира амбасадорот Жбогар.

Тој додаде дека токму вредностите на ЕУ и помогнаа нејзиниот глас да биде слушнат ширум светот.

Во врска со прашањето за менаџирање на сметот во Општина Велес, тој потсети дека во 1991 година и Словенија и Македонија ги имале истите стартни позиции и дека тогаш не било прашањето дали треба да се почне со рециклирање на сметот.

– Тоа што го прави ЕУ, е да ги форсира земјите членки да можат барем 50 отсто од сметот да го рециклираат и тоа до 2020 година треба да го постигнат земјите членки на ЕУ. Сакам да ве информира дека Словенија веќе има постигнато 60 проценти на рециклирање на смет, и таа е речиси најчиста земја. ЕУ не ги помага земјите членки само со директиви, туку и со фондови со финансиски средства за оваа цел да може да биде постигната, нагласи Жбогар.

Модераторот Убавка Јаневска го информира амбасадорот Жбогар за еколошките проблеми на Велес, а кои преку анкета ги посочиле граѓаните на од овој град.

Тоа се црниот рид од згура со тешки метали на Топилницата која 15 години не работи, Варницата во Превалец, а која со бела прашина ги труе граѓаните на велешките населби Тунел и Керамидна. Граѓаните го посочиле и проблемот со градското ѓубриште кое секое лето гори и од кое со токсични и канцерогени материи се нарушува здравјето на граѓаните, заради што е потребно изградба на стандардна регионална депонија. Потоа за големиот број на свињарски фарми во некои од велешките и приградските населби, за потребата да се стават во функција двете мерни станици за состојбите на воздухот во градот, за пречистителна станица на водите во реката Тополка од која преку ХС „Лисиче“ се снабдува со вода за оиење граѓаните на Велес и уште неколку населби, како и за потребата од изградба на пречистителна станица на Вардар.

Велешани во анкета посочиле и за проблемот со несоодветното сообраќајно решение во градот, за нерешената атмосферска канализација, како и за многу други проблеми.

Во врска со проблемите во земјоделието, проф д-р Злате Арсов од Земјоделскиот факултет во Скопје побара од Делегацијата на ЕУ во земјава да изнајде средства за доизградба на ХС „Лисиче“ во делот за наводнување на жедните земјоделски површини во велешкиот регион. Воедно зпелираше за помош и за окрупнување на земјоделското земјиште на ситните земјоделци во земјава.

Еколозите од ЕД „Вила Зора“ побараа да се прочисти загадената со тешки метали почва на земјоделските и јавни површини во градот.

Воедно земјоделците побараа и повеќе трактори. На тоа амбасадорот Жбогар посочи дека досега од ЕУ фондовите доделиле средства за набавка на 585 нови трактори, а дека тој сега дознал дека во земјава има 20 илјади трактори. Во контелст на тоа предложи здружување на земјоделците и со еден трактор да се користат повеќе земјоделци.

Воедно земјоделците се пожалија на големата и тешка процедура на ИПАРД програмата за добивање на трактори, за системите за наводнување и друга неопходна опрема и механизација за унапредување на земјоделството.

Амбасадорот Жбогар внимателно ги сослуша сите проблеми на граѓаните на Велес и вети дека ќе разговара со надлежните за подобро спроведување на законите кои постојат. Тој им предложи сите тие да се здружат, зошто само така здружени ќе бидат посилни за решавање на нивните проблеми, а за некои од нивните проблеми ќе се обиде тие да добијат финансиски средства од ЕУ фондовите.

Следната панел дискусија Делегацијата на ЕУ во земјава ја најави за 4 септември во Прилеп. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ