• Latest

(ВО ЖИВО) Конференција на ЦИВИЛ за општество ослободено од корупција

December 6, 2018
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Владата на САД се затвора откако демократите одбија да го поддржат планот на републиканците за финансирање

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Конференција на ЦИВИЛ за општество ослободено од корупција

December 6, 2018 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во скопскиот хотел „Парк Резиденс“ во тек е конференцијата „За општество ослободено од корупција“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода и Зелена лупа. 

Во воведното обраќање претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој ја отвори конференцијата, нагласи дека ова е првата од низа активности со кои ЦИВИЛ ја започнува борбата против корупцијата како еден од горливите проблеми во општеството..

Дерала потоа го најави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

„Еден од приоритетите на Владата е токму транспарентното водење на политиките, како и правилно функционирање на судскиот систем, ефикасна борба против корупцијата, но и почитувањето на човековите права“, истакна премиерот Заев, откако се заблагодари за поканата за учество на оваа конференција. Според него, конференцијата третира една од најгорливите теми во општеството, за која секогаш е добредојдена дебата повеќе.

Во преполната сала се присутни претставници од дипломатските преставништва во земјата, министри, експерти, претставници на политички партии и невладини организации.

Премиерот Заев во своето обраќање пред присутните ги истакна заложбите на Владата за воспоставување на независно и непристрасно судство, со зајакнување на отчетноста на сите нивоа на судството, преку правилно фунцкионирање на судскиот систем, борбата против корупцијата и почитувањето на човековите права во законите и во пракса. Тој се осврна и на Предлог-законот за борба против корупцијата, во кој се опфатени препораките на ЕУ и извештаите на Прибе и на ГРЕКО и се зајакнуваат условите за избор и именување на членовите на ДКСК, со јавно интервју пренесувано на собранискиот ТВ канал и со прецизирани причини за нивно разрешување.

Розета Трајан од Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупција истакна дека борбата против корупцијата е патриотизам.

Таа се заблагодари на шансата во свое име и во име на ДКСК да се обрати на оваа значајна конференција и потенцираше дека созадавање на општество ослоободено од корупција, треба и мора да биде приритет. „Денешниот настан е само уште еден доказ дека мора да се има инситуционален, но и граѓански ангажман…. Секој човек мора да даде активно учество во борбата против корупцијата. Општество ослободено од корупција е општество кое е фокусирано на прогрес и развој“, истакна Трајан.

Во однос на досегашната работа на Комисијата, Трајан истакна дека „ДКСК во изминатиот период беше нем набљудувач на сите случувања во општеството. Ова пред се, се должи на нејзината неефикасност, нетранспарентност и партизираност“.

Професорката Мирјана Најчевска истакна дека корупцијата е како метастаза, наведувајќи неколку примери за тоа до каде не доведе корупцијата во македонското општество.

Најчевска истакна дека се залага за мораториум на нови закон, додека не се почне со вистинско спроведување на постоечките.

„Законите можеби ни се и добри – но не успеваме со нивната имплементација. И, кога ќе се донесе нов закон, мислиме дека работата е завршена… Не можеме да го ослободиме општестото од корупција, можеме да ја намалиме и ограничиме корупцијата, но не мислам дека граѓаните се должни да се борат проотв корупцијата. Тоа е задача на владеачката стрруктура, да се избори против корупцијата, доколку навистина го сака тоа. Моќниците ги корупмираат граѓаните, а не обратно!“, рече Најчевска.

„Често не ја препознаваме корупцијата, која како коруптивното однесување не е само давање земање мито, туку со постапки на издавање на дозволи, со овозможување на криминал, се предизвикуваат сериозни последици за целата заедница… Заради коруптивното однесување го дишеме овој воздух којшто го дишеме“, истакна Најчевска, чие излагање беше проследено со аплауз од присутните.

Ване Цветанов, од „Зелена лупа“ истакна дека корупцијата е тешка тема којашто е канцер на секое општество.

„Должност на секој од нас е да се бориме со неа. За да постои корупција, постојат мотиви. Тие најчесто се неизвесноста од иднината е причина број еден, страв од политичка репресија… Секој треба да си ја прифати одговорноста и товарот којшто го носи на својот грб“, вели Цветанов.

Цветанов истакна дека потребно е секоја институција на секое ниво да покаже промени, понатаму, самоиницијативност на органите на прогон, повисок степен на одговорност кај независните тела, зајакнување на системот во делот на мерката за конфискација.

Оваа жешка тема ќе ја отвориме веднаш без посебни воведи и оваа активност е прва од низата активности со кои ќе ја започнеме борбата како општество институции и заедници.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во своето обраќање се осврна на човековите права и слободи и нивното кршење во спрега со една од најнегативните општествени појави – корупцијата.

„Ако погледнеме каде почнува еден коруптивен циклус, можеме да повлечеме една линија и да видиме каде почнува се, а тоа се изборите. Во изборните процеси гледаме како ќе се одвива животот на граѓанките и граѓаните до наредните избори. Тогаш се гледа целата мака на општеството. Тука е и коренот на проблемите во нашето општество“, истакна Дерала.

Тој е дециден дека постои огромен простор за интервенции во Изборниот законик, но се уште изостануваат параграфи кои се однесуваат на тоа кој, колку и на кој начин одговара за лошото спроведување на Изборниот законик и за киднапирањето на изборните процеси.

„Партизацијата не застана само на системот, туку политичките партии го окупираа и општеството и просторот за граѓанско организирање. Во таа спрега на корумпирани и партизирани институции, општеството зависи од мали кругови на моќници, и се создава политичка култура во која се негуваат и охрабруваат криминалот и корупцијата“., рече Дерала.

По паузата, во моментов трае дискусијата со обраќања на експерти, претставници на политички партии и невладини организации.

На говорницата е поранешниот министер и експерт за финансии, Џевдет Хајредини.

Хајредини како експерт за финансии и буџет, упати силна критика до сегашната власт и премиерот Зоран Заев.

„Ноторна грешка е, господине Заев, да ги плаќате гласачите на вашиот коалиционен партнер ДУИ, со пари од државниот буџет!“, рече Хајредини.
На говорницата во моментов е Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Ток зборуваше за своето искуство од 1994 и сменувањето од функцијата по обидот да се избори со корупцијата во МВР., но потенцираше дека и денес, по 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е криминализирана држава, од која се изнесени милијарди евра.
„Во Македонија многу повеќе криминал открија истражувачките новинари и истрагите на СЈО, а пред се, МВР е институција која треба да се бори против корупцијата и криминалот. Не можам да сфатам МВР досега да не ги открие организаторите на настанките од 27 април, на пример, туку да чекаме некој Нинџа да ни открива… Во МВР има неколку луѓе кои имаат високи плати и треба да се изборат со корупцијата. Се истражува, се пишуваат колумни, но додека отсуствува ефикасна борба против корупцијата од надлежната инстируција, тешко дека може да се постигне позначаен резултат“, рече Трајанов.
Владимир Георгиевски, од Секретаријатот на ДКСК, даде одговор на прашањето – зошто се јавува корупцијата особено во земји во транзиција?
„Таа успева во контексти каде има широки можности да бидат искористени за одредена добивка слабите општествени контролни системи… Се врш силен притисок на луѓето во јавната администрација. Со новиот закон надлежноста на ДКСК е превентивно да постапуваа по одредени состојби да укажува за одредени состојби, да поттикнува и да ги координира антикорупциските напори. Потребна е нејзина независност. Тоа е нотирано и во извештаите на ГРЕКО. Но, навистина е тешко да се оствари добар и широк фронт со вака слаби институции…“, истакна Георгиевски.

Активистот Мариглен Демири се заложи за нарекување на работите со вистински имиња. Тој потенцираше дека ги споделува ставовите на професорката Најчесвака за која смета дека треба да биде кандидатка за претседателка на државата, и истакна дека корупцијата е зло на македонското општество за кое нема искрена желба да биде искоренето.

Петар Богојевски, член на ВМРО-ДПМНЕ и еден од иницијаторите за реформи во таа партија, зборуваше за партиските стереотипи за криминалот „на другите“. Со критички осврт и на делувањето на своите сопратијци на индивидуален план, Богојевски сепак, изрази оптимизам, дека по 30-тина години, Македонија е се уште држава во зародиш, и дека има надеж во борбата со корупцијата.

Новинарот  Горан Лефков во своето излагање ја истакна одговорноста на ДКСК која со месеци не работи, како и на Државната комисија за достап на информациите од јавен карактер која е обезглавена од мај и во која стојат нерешени 1.000 молби и барања. „Македонија нема тело за одземање на имот од криминални дела, во Словенија е одземен имот од 320 милиони евра, а во Македонија 460.000 евра!“, потенцираше Лефков.

Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите истакна дека организаторите на настанот презеле преголема обврска со темата, зашто нема општество кое сосема слободно од корупција. Тој се заложи за чистка со криминалот во МВР, зашто во моментов, „нема клетка во Македонија во која нема корупција“.

 

Маја Ивановска
Фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share100Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ