Видео прилогот прикажува како паркирано возило почнува да чади и исчезнува во експлозија неколку секунди потоа
Произведувачот на електромобили Tesla соопшти дека пратиле тим за да истражи видео запис, кој жестоко одекна на друштвените мрежи, во кој е прикажана експлозија на Tesla Model S, најнова незгода во низата пожари на овие возила.
Видео прилогот е објавен на кинескиот Weibо и прикажува како паркирано возило почнува да чади и исчезнува во експлозија неколку секунди потоа. Видео записот покажува дека возилото во пламен е тотално уништено.
Reuters не успеа веднаш да го провери потеклото на видео снимката, од истата не може да се утврди причина за експлозијата, а се знае дека е снимена во Шангај.
„Веднаш пративме тим на лице место и ги подржуваме локалните власти да ги утврдат фактите. По она што сега знаеме, никој не е повреден“, штуро објавија од Teslа во официјалното соопштение за медиумите.
Најмалку 14 примероци на автомобили од овој произведувач се самозапалени од 2013 година, а повеќе вакви несреќи се случуваат по судир со друго возило или препрека.
А.М.