• Latest

Врховниот суд на Холандија потврди дека земјата е делумно одговорна за убиствата во Сребреница

July 19, 2019

Пропустите на факултетите ги оставија студенти без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Врховниот суд на Холандија потврди дека земјата е делумно одговорна за убиствата во Сребреница

July 19, 2019 15:53
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд на Кралството Холандија ја потврди претходната пресуда за делумна одговорност на државата Холандија за смртта на Бошњаците кои се обиделе да пронајдат спас во базата на холандскиот баталјон во Поточари, по падот на сребреничката енклава во јули 1995 година, јави агенцијата Анадолија.

Холандскиот баталјон знаел дека 350-те мажи, кои биле пратени од базата во Поточари, биле во вистинска опасност од напад на единицата на Војската на Република Српска и смрт.

Врховниот суд денеска потврди дека „Дачбат“ требало да понуди можност за престој во базата за 350-те мажи. Пропуштајќи да го направи тоа, холандскиот баталјон им ја ускратил можноста да бидат вон дофат на војската на босанските Срби. Судот смета дека таа шанса била мала, но не и дека требало да се занемари.

– Врховниот суд проценува дека таа шанса била 10 отсто, откако судот претходно процени дека таа шанса била 30 отсто. Државата поради тоа е одговорна за 10 отсто од штетата што ја претрпеле ожалостените. Преживеаните роднини можат да ја надоместат штетата од државата, се наведува во судската одлука.

Судиите сметаат дека холандскиот баталјон не можел да ја спречи војската на босанските Срби да ги уапсат.

– Холандскиот баталјон беше во исклучително тешка позиција, бидејќи Холанѓаните стоеја со лесно вооружување против повисоките сили и тешко вооружените Срби, се вели во одлуката на Врховниот суд на Холандија во Хаг.

Повеќе од 6.000 членови на семејствата на настраданите во геноцидот во Сребреница, во јули 1995 година, ја тужеа државата Холандија во 2007 година. Окружниот суд во Хаг седум години подоцна ја утврди одговорноста на државата за смрт на повеќе од 300 мажи, кои припадниците на „Дачбат“ (Dutchbat) ги исфрлиле од базата на ОН во Поточари. Двете страни во постапката вложија жалба на тогашната одлука. Апелациониот суд во 2014 година ја потврди одговорноста на Холандија.

Една година претходно, Врховниот суд пресуди дека Холандија е одговорна за смртта на тројца Бошњаци во Сребреница во 1995 година по тужбата на Хасан Нухановиќ, потсетува Анадолија.

По жестоките напади на заштитената енклава во Сребреница, повеќе од 20.000 мажи и жени се обидоа да пронајдат засолниште во базата на холандскиот баталјон во Поточари. Командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, на 11 јули влегол во Сребреница и поставил ултиматум дека сите бранители на Сребреница мора да го предадат оружјето.

Потоа повеќе од 23.000 деца и жени беа пратени кон слободната територија под контрола на Армијата на БиХ. Машките постари од 12 години беа издвоени.

Два дена по падот на Сребреница започнаа масовните егзекуции на Бошњаците во Кравица. Припадниците на холандскиот баталјон изнесоа пет илјади бегалци од базата во Поточари во замена за ослободување на 14-те припадници на „Дачбат“, кои беа заробени од војниците на Војската на РС.

Во наредните денови продолжило масовното убивање на мажите. Се смета дека во геноцидот во Сребреница се убиени 8.372 лица.

Во април 2002 година, по официјалниот извештај за Сребреница, холандската Влада предводена од премиерот Вим Кок поднесе оставка. Во извештајот е наведено дека „Дачбат“ и ОН сносат дел од одговорноста за падот на енклавата и смртта на повеќе од осум илјади мажи.

Хашкиот трибунал и судовите во регионот досега за извршените злосторства во Сребреница осудија вкупно 47 лица на повеќе од 700 години и четири доживотни казни затвор.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ