Српскиот претсеател Александар Вучиќ се очекува попладнево да се обрати до граѓаните со презентација на резултати од руската ФСБ за наводната употреба на звучен топ за време на протестите во Белград, што се одржаа на 15 март, најави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, јавуваат српски медиуми.
„Не знам дали конечно е потврдено времето (17 часот), бидејќи претседателот има многу обврски…Но сигурно ќе зборува попладнево“, изјави Брнабиќ за белградски медиуми.
„Значи, да видиме дали е вистина или не дека тоа се случило. Колку што знам, го потпишал главниот разузнавач на Путин, Александар Бортников, така што нема лага, нема измама. Тоа се најсериозните анализи на едни од најдобрите безбедносни служби во светот, а јас не знам какви се резултатите“, изјави Брнабиќ.