Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа, соопшти неговиот кабинет, јавуваат српски медиуми.
Оваа посета, за разлика од другите, не беше најавена, туку јавноста дозна дури кога Вучиќ отпатува. Како што е наведено во соопштението, Вучиќ ќе престојува во еднодневна посета на Украина.
Ова е негова прва посета во Украина од почетокот на војната. Самитот се одржува во Одеса.
Д. Т.