• Latest

За 25 проценти зголемени повредите на работа во 2019 година

April 28, 2020

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За 25 проценти зголемени повредите на работа во 2019 година

April 28, 2020 11:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За 25 проценти се зголемени повредите на работа во 2019 година во однос на претходната година. Најмногу повреди на работа се регистрирани во индустријата и рударството, покажува анализата на Институтот за јавно здравје за состојбата на повредите на работа.

Според анализата каде се обработени податоци од пријавите за повреда на работа и индивудуланите извештаи кои Институтот за јавно здравје ги добива преку центрите за јавно здравје, минатата година се забележани вкупно 1.121 повреди на работа.

Во индустријата и рударството се забележани 309 повреди или 27,6 проценти од вкупниот број на регистрирани повреди во земјава. Следуваат повредите на работното место на вработените кај приватните работодавачи и лица кои вршат самостојна професионална дејност со 179 повреди, а на трето место се вработените во здравството и социјалната заштита со 130 повреди на работа.

Повеќе има повредени работници од машки пол, односно 689 или 62 процента од сите повреди се регистрирани кај работниците, а 423 или 38 проценти кај работничките.

Имајќи предвид дека најголема концентрација на работна сила има во Скопје, најмногу повреди на работното место се регистрирани токму тука (746), по што следуваат Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготини и Свети Николе.

Според добиените податоци, во текот на минатата година не се регистрирани смртни случаи поради повреда на работа.

Денес се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, но тој за првпат годинава е во знакот на пандемијата со коронависурот.

Оттука, од Сојузот на синдикати на Македонија бараат подобрување на условите за работа на сите работници ангажирани и изложени во овие исклучително тешки моменти, вложување во безбедност и здравје при работа и инвестиции во здравствениот сектор.

– Епидемијата на коронавирусот „ КОВИД-19“ ни покажа колку сме ранливи и колку опасна може да биде по животот и здравјето на работниците и луѓето, како и колку опасна може да биде за економијата. На Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа -28, април, акцент ставаме на здравствените работници, работниците во полицијата, армијата, комуналните работници, транспортот, трговијата, производството, градежништвото, во прехранбената, текстилната, хемиската индустрија и многу други кои секојдневно извршувајќи ги своите работни задачи се изложуваат на ризик од заразата или пак нејзино ширење,  а со тоа ги доведуваат во опасност и ги  изложуваат и своите семејства, велат од ССМ.

Се залагаат за препознавање на КОВИД-19 како професионално заболување и обезбедување на обука за тоа како се лекува, вклучување на работниците и нивните претставници во процената на ризикот и преземање на соодветни мерки за спречување на вирусот, спречување на губење на приходите на работниците поради намаленото работно време, секојдневни тестови за сите работници кои не се чувствуваат добро и платено отсуство за работниците кои се привремено без работа или во карантин поради вирусот. ССМ апелира и на создавање услови за физичко растојание на работното место и редовна дезинфекција на работните простории.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ